fbpx

Вила Лина

Информации

Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот паркот, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл.
Вила ЛИНА се наоѓа во центарот на местото, на 50 м. од песочната плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана пред 2 години. Сите студија и апартмани се опремени со: кујна (со прибор за онолку лица според број на легла, фрижидер со комора, шпорет со фурна, електрично ѓезве), тоалет со туш када и фен, клима (бесплатно), ТВ (4 македонски канали) бесплатен Wi-FI интернет, гардеробер, тераси со тенди за сонце и масичка со столчиња.

Галерија

Ценовник и Услови

ТЕРМИН ОД: НОЌИ 1/3 студио

(море)

1/4 студио

(море)

1/4 апартман

(град)

1/4 апартман

(море)

22.05 7 промо 88 88 108 108
29.05 7 промо 108 108 128 148
05.06 7 168 188 228 248
12.06 7 188 228 268 288
19.06 7 228 268 308 328
26.06 7 268 308 348 368
03.07 7 308 328 368 388
10.07 7 360 380 430 460
17.07 7 370 400 450 490
24.07 7 370 400 450 490
31.07 7 370 400 450 490
07.08 7 370 400 450 490
14.08 7 370 400 450 490
21.08 7 350 370 400 460
28.08 7 310 340 370 410
04.09 7 238 278 318 348
11.09 7 198 238 258 288
18.09 7 138 158 178 218
25.09 118 118 138 148

 

НАПОМЕНИ:
* Цените се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања;
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).
* Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место;
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време;
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите;
* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд;

ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;
* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;
* ПРОМО цените не подлежат на никакви попусти;
* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот;

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови;
* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 35 € возрасни
* 25 € деца од 2 – 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)