fbpx

Вила STRATOS LUX

Информации

Вила “Stratos Lux” се наоѓа во центарот на Пефкохори, 50m над главниот пат на пешачка улица и 200m од плажа. Вилата располага со 3+2 апартмани со една спална, опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, туш, голем балкон (масичка со столчиња), телевизор, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен интернет.
(MDT)

Галерија

Ценовник и Услови

НАПОМЕНА

– Цените со * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во апартман – БЕСПЛАТНО сместување;

– Цените за 7 ноќи/8 дена без * се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Во апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;

– Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

– Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

– Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Гевгелија;

– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата (на булеварот);

– Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ:

– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

– Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

– Доплата за патничко осигурување.