fbpx

Вила DIMITRIS

Информации

Вилата Димитрис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на само 300 метри од плажата. Вилата располага со шест двокреветни студија кои се на првиот кат, и едно двокреветно студио кое се наоѓа на приземје. Во две соби постои можност за додавање на трет дополнителен кревет (на првиот кат). Секоја соба располага со мини кујна, решо, основен прибор за соодветниот број лица, фрижидер, тераса, клима (со доплата од 5 евра од ден по желба) и интернет. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. Вилата Димитрис е единствената вила на Крф, со сопствен систем за вода и затоа е дозволено пиење на водата од чешма. Вилата има голем двор со скара кој им е достапен на сите гости за уживање и релаксација. Вилата располага со сопствен паркинг. (GOT)

Галерија

Ценовник и Услови

Термин: Тип соба Редовна по лице роденденски попуст
01.фев 79 € 44 €
23.05-30.05
01.фев 99 € 54 €
30.05-06.06
01.фев 109 € 64 €
06.06-13.06
01.фев 119 € 74 €
13.06-20.06
01.фев 129 € 84 €
20.06-27.06
01.фев 139 € 94 €
27.06-04.07
01.фев 149 € 104 €
04.07-11.07
01.фев 169 € 124 €
11.07-18.07
01.фев 189 € 144 €
18.07-25.07
01.фев 199 € 154 €
25.07-01.08
01.фев 209 € 154 €
01.08-08.08
01.фев 209 € 154 €
08.08-15.08
01.фев 209 € 154 €
15.08-22.08
01.фев 179 € 134 €
22.08-29.08
01.фев 149 € 104 €
29.08-05.09
01.фев 139 € 84 €
05.09-12.09
01.фев 109 € 54 €
12.09-19.09
01.фев 79 € 44 €
19.09-26.09

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 18 евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. Травеликс.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
•Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
•Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект
•Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 18 евра за траект.