fbpx

Вила Eleni

Информации

Вилата Елени се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на 250 метри од плажата. Вилата е комплекс од три понови згради, со голем базен. Сите соби имаат поглед на базен и се распределни на високо приземје и прв кат. Сите соби имаат комплетно опремена мини кујна со решо, основен прибор за соодветниот број на лица, фрижидер, тоалет, ТВ и тераса. Вилата има интернет (чиј сигнал е најдобар кај барот, каде се наоѓа рутерот). За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност. (GoT)

Галерија

Ценовник и Услови

Термин

Тип соба Редовна по лице

23.05-30.05

1/2-1/3 99€
30.05-06.06 1/2-1/3

119€

06.06-13.06

1/21/3 129€
13.06-20.06 1/21/3

139€

20.06-27.06

1/21/3 149€
27.06-04.07 1/21/3

159€

04.07-11.07

1/21/3 169€
11.07-18.07 1/21/3

189€

18.07-25.07

1/21/3 209€
25.07-01.08 1/2-1/3

219€

01.08-08.08

1/21/3 229€
08.08-15.08 1/21/3

229€

15.08-22.08

1/21/3 229€
22.08-29.08 1/21/3

199€

29.08-05.09

1/21/3 169€
05.09-12.09 1/21/3

159€

12.09-19.09

1/21/3

139€

19.09-26.09 1/21/3

109€

НАПОМЕНИ:
• Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 18 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден. Се плаќа во автобус.
• Патничко осигурување – Може да се купи во агенцијата (5 евра за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
• Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата.
• Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 5 евра (освен првите две).
• Цена само за превоз 50 евра со доплата од 18 евра за траект – во два правци.
•Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
•Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
Со оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА T.A. Tравеликс.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
• Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
• Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 18 евра за траект