fbpx

Вила VANGELIS

Информации

Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” во Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија.. апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла, во трокреветните има еден брачен и еден единечен, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, а еден брачен и еден единечен во кујната, додека во дуплекс апартманот има три единечни во едната спална и две единечни во другата. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен интернет. Студијата и апартмани се на високо приземје и први кат. Прекрасно уредениот двор ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата. (MED)

Галерија

Ценовник и Услови

Термин од: Ноќи  1/2 студио 1/3 стурдио АПТ 3+2 (со 1 спална) Дуплекс 3+2
17.05 7* 45 45 45 35
24.05 7* 60 65 75 50
31.05 7* 70 80 95 55
07.06 7* 85 100 115 70
14.06 7* 100 115 135 85
21.06 7* 120 135 155 100
28.06 7* 140 155 175 115
05.07 7 255 275 325 425
12.07 7 275 295 355 445
19.07 7 295 315 385 465
26.07 7 295 315 385 465
02.08 7 295 315 385 465
09.08 7 295 315 385 465
16.08 7 275 295 355 445
23.08 7* 140 155 175 115
30.08 7* 100 115 135 85
06.09 7* 80 90 105 65
13.09 7* 65 70 80 50
20,09 7* 50 55 60 40

НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
– Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
– Доплата за клима – 5€ од ден (на рецепција);
– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
– Доплата за патничко осигурување.