fbpx

Вила ISI LUX

Информации

Вила “ISI Lux” се наоѓа нa само 20m oд плажа односно пред хотел “Potidea Golden Beach”. Вилата е изградена во 2017 год. Располага со 1/3 студија, /2+1/ апартмани со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби за 4 лица (брачен во двете спални). Студијата се на високо приземје и I кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Во дворот на вилата има масички со столчиња, кујна и скара кои се на располагање на гостите. Вилата за прв пат е отворена во 2017 година. (MED)

Галерија

Ценовник и Услови

НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
– Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
– Доплата за клима – 5€ од ден (на рецепција);
– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
– Доплата за патничко осигурување.