fbpx

Вила „THEMELIS“

Информации

ТЕМЕЛИС е хотел од апартмански тип. Има прекрасен двор со зеленило и палми и два базена, еден голем и еден мал, детски. Покрај базенот се наоѓа кафе бар со лежалки и чадори кои се бесплатни, а позади хотелот има паркинг за гостите. Хотелот е оддалечен околу 280 м.од плажа, 150 м. од центарот и се наога во централниот дел на Фурка. Располага со трокреветни студија кои се опремени со кујна со основни садови за готвење, 1 брачен и еден единечен кревет, TV, WC и клима која е вклучена во цената, просторна тераса која е со поглед на базенот и гарнитура на терасата. Промена на постелнина, еднаш во текот на престојот.(ос)

Галерија

Ценовник и Услови

НАПОМЕНА:
– Цените со * се однесуваат за пакет аранжман по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.
– За патување со сопствен превоз, цената се намалува за 10 евра;
– Цените без * се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања.
-Во апартман за термините со *, две лица плаќаат полн износ а третото и четвртото лицe се сместуваат бесплатно, и плаќаат само за превоз.
– Сместувањето во собите е после 13 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
– За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
– Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 62,00 мкд.
– Цената само за превоз: Скопје-Халкидики-Скопје изнесува:
35 € возрасни
25 € деца од 2 – 12 години
БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)