fbpx

Хoтел Радика 5*

Информации

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располага со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен и надворешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

Галерија

Ценовник и Услови

Тип на соба 1 лице 2 лица
Standard superior 59 еур 39 еур
Junior Suite 71 еур 47 еур
Apartment & Duplex apartment 83 еур 55 еур
Presidential apartment 205 еур 120 еур

Цените се дадени по лице по ноќ со вклучен појадок, изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари
Цената вклучува:

Туристичка такса
СПА & Фитнес центар: Надворешен базен, внатрешен базен, џакузи, сауна, парна бања.
Sport bar: 500 спортски канали, пикадо, билјард, пинг-понг
Спортски терени
Внатрешни и надворешни детски игротеки
Паркинг
Интернет конекција

НАПОМЕНИ:
Деца од 0 до 4 години со двајца возрасни – бесплатно
Деца од 4 до 12 години со двајца возрасни – 15 еур по дете по ноќ
Трето возрасно лице – 25 еур по лице по ноќ
Доплата за ручек 15 еур по лице / вечера 15 еур по лице