fbpx
Sharm-El-Sheikh-Hurghada-Dahab-banner

На туристите ширум целиот свет синоним за Египет не им се само пирамидите и бројните културно-историски споменици, туку и прекрасното Црвено Море кое со својата тиркизна боја и кристално бистра, чиста вода и егзотичноста на подводниот свет која е неповторлива ширум светот и е најизразена токму во “Sharm El Sheikh”. Неверојатните плажи, луксузните хотели и ресторани на самиот брег, нуди незаборавен и совршен одмор во тек на целата година за сите возрасти.
“Sharm El Sheikh” е монденско место сместено во Азискиот дел на Египет, на самиот југ на Синајскиот полуостров и на 480км. од престолнината Каиро.
Поволната клима и географска положба многу силно влијаеле на тоа да “Sharm El Sheikh” израсне во едно од најубавите и најпопуларни дестинации за посета каде што сонцето грее во текот на целата година. Покрај спортовите на вода, нуркањето, едрењето, крстарењето, возењето со џипови и јавањето на камили низ пустината можете да уживате на  брегот на кој се протегаат прекрасни, песочни плажи со плитки делови погодни за семејства со деца како и фантастични, разнобојни и богати со најразлични тропски риби и корални гребени за љубителите на нуркање.
Морето е  исклучително топло, со тиркизна боја која го одзема здивот а пејсажот станува уште по нереалеан поради пустината кој се наоѓа во неговата позадина.
Самиот брег кој има три прекрасни корални заливи: Na’ama Bay, Sharks Bay i Nabqa Bay, опколени со Бедуински населби и планински масиви, се простира по должина од 40 км.
Најпознат и најпосетен од нив е заливот Na’ama Bay, со шеталиште долго 3 км. на кое се наоѓаат повеќе луксузни хотелски комплекси, ресторани, кафулиња, продавници и дискотеки што го прави да биде срце на сите случувања и вечерни забави.
Со кристално чистото и тропско море, незаменливиот подводен свет, модерните и луксузни хотели, превкусната храна, егзотичната музика, ориенталните танци и уникатната историја на Египет можеме бескомпромисно да потврдиме дека Шарм Ел Шеик претставува една од најпопуларните и најпривлечни дестинации во овој дел од светот!

Цените се дадени по лице во двокреветна соба на база All-inclusive или Ultra All-inslusive.

7 ALL29.08-05.0905.09-12.0912.09-19.0919.09-26.0926.09-03.1003.10-10.1010.10 -17.1017.10-24.1024.10-31.1031.10-07.1107.11-14.1114.11-21.1121.11-28.11
Marina Sharm Resort 4*423566423518555666666666666STOPSTOPSTOPSTOP
Club Reef Resort 4*370512354512354529529529492746710661661
Sea Beach Aqua Park Resort 4*391391365470470470470470470470470470470
Parrotel Aqua Park Resort 4* STOP507402454454454492492492492514514514
Magic World Club By Jaz 5*7827827827828299459901,0231,023STOPSTOPSTOPSTOP
Xperience Sea Breeze Resort 5*433561423518433492492492492STOPSTOPSTOPSTOP
Xperience Kiroseiz Parkland 5*402533391486391513513513513STOPSTOPSTOPSTOP
Stella Di Mare Beach Hotel & Spa 5*661782624719677761761761761777777624624
Maritim Jolie Ville Resort & Casino 5*476698581687687687687687645687687581581
Cleopatra Luxury Resort 5*560645560656671698698698698STOPSTOPSTOPSTOP
Aurora Oriental Resort 5*402497391444444444444444444444547547547
Barceló Tiran Sharm Resort 5*492612470523523523523523523523612612612
Coral Sea Holiday Resort 5*497497497497529529640529529640640640640
Hilton Sharks Bay Resort 4*423544407449460465465465465529529529529
Jaz Belvedere Resort 5*529666529708555708761761761761761761761
Jaz Mirabel Beach 4*523650502555555555555555555612665665665
Rixos Sharm El Sheikh 5* LUX (16+)9779779779779981,1781,1781,1781,1781,1781,1781,1781,178
Sharm Dreams Resort 5*476476476476476476590590590590590590590
Tropitel Naama Bay 5*412518412412412412412412412412412412412
Baron Palms Sharm El Sheikh 5*613761666666816816816816816816816816816
Baron Resort Sharm El Sheikh 5*812812812812888888888888888888888888888

Цената е изразена во ЕВРА (1 евро = 62 денари) и вклучува:

  • Авионски билет Софија – Шарм ел Шеик – Софија со директен чартерен лет со Bulgarian Air;
  • Аеродромски такси;
  • Чекиран багаж 20 кг. и 5 кг. рачен багаж по лице;
  • 7 ноќевања на база All-inclusive или Ultra All-inclusive во избраниот хотел;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродом во Египет;
  • Представник на туроператорот за време на целиот престој;
  • ПAKET ЗА МАКСИМАЛНА СИГУРНОСТ;

Цената не вклучува:

  • PCR тест – за возрасни и деца над 5,99 г.;
  • Патничко огурување;
  • Целодневна екскурзија до Каиро со авион со вклученa посетa на стариот град, Джамијата Мухамед Али, Египетскиот музеј и пирамидите во Гиза;
  • Дводневна екскурзија до Каиро с вклученa посета на Египетскиот музеј и пирамидите во Гиза;
  • Целодневна екскурзија до Манастирот на „Света Екатерина“;
  • Нуркање по неверојатниот брег на Црвеното море и во националниот парк Рас Мохадес;
  • Quad Sun Set – прошетка низ Арабската пустина со ATW возила;
  • Крстарење со брод по стакленото дно на Црвеното море – Sea Scope;
  • Mini Jeep Safari – посета на националниот парк Набк со џипови и јавање на камили;
  • Општа обиколка на Шарм ел Шеик;

Цената не вклучува – задолжителни доплаќања:

  • Туристичка виза – 25 Амерички долари;
  • Горивна такса – се објавува сумата на 21 ден пред тргање;
  • Трансфер Скопје – Софија (Аеродром) – Скопје (во организација на ТравелХ)  

Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Софија и Шарм Ел-Шеик согласно промена директно од авио компанијата. Цените може да се корегираат според општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.

Важат општите услови на патување на ТравелХ и СКТМ.