fbpx

GRAND MONASTERY 4*

Информации

Комплексот Grand Monastery 4* се наоѓа во Пампорово, на 220 км од Софија и 85 км од Пловдив. Независно од надморската висина од 1650 м, овај скијачки ресорт има најмногу сончеви денови во годината. Средната температура во текот на зимата изнесува 8,5 С, а дебелината на снежната покривка е 140 – 150 см. Grans Monastery 4* е удобен апартмански комплекс, распространет во ски центарот Студенец на само 50 метри од главниот лифт кој води до врвот Снежанка. Изграден во традиционален стил и располага со 5 згради сврзани меѓусебно со топла врска или скали. Комплексот располага со лоби бар, бесплатен WI-FI, ресторан, механа, пиано бар, куглана, билјард, исто така со електрични игри за деца, детско катче и фитнес центар. Гостите на Комплексот Grand Monastery 4* можат да се релаксираат во СПА центарот „Азија СПА” кој што нуди професионална услуга со масери директно од Азија. На располагање на гостите исто така се парна бања, сауна, хамам, ориентален пилинг „кесе”, кислороден бар, сали за масажа, релакс зона, специјални терапии за лице и тело, ВИП услуга, фризерски салон итн. Внатрешниот базен е со должина од 22 м, а температурата на водата и воздухот изнесува од 29 до 30 степени.(S)

Галерија

Ценовник и Услови

ПОПУСТ ЗА РАНИ РЕЗЕРВАЦИИ



– 10% попуст за резервации направени до 30.11.2019
– 15% попуст за резервации направени до 01.12.2019
и пристигања од 24.02.2020 до крај на сезона
Не се однесува на доплатите


Во цената е вклучено:

-наем на студио или апартман на ден,

– користење на внатрешен базен, сауна, парна бања, интернет (на јавни места), паркинг



Доплати:



-Доручек – 5,50€ за возрасен и 4,40€ за дете 2-11,99г

-Доручек и вечера – 16,50€ за возрасен и 14,30€ за дете 2-11,99г

-Доплата за новогодишна вечера (незадолжително) 85€ / возрасен, 55€ / дете (2-11,99г.)



Капацитет на сместување:

Студио – 2 лица

Апартман со една спална -2+2, 3 +1 или 4 возрасни

Апартман со две спални – 4+2, 5+1 или 6 возрасни

Апартман со три спални – 6+2, 7+1 или 8 возрасни



Во цените не е вклучено :

-патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден

Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд