Виена (2ББ) - Автобус

Информации

ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот... Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..(NHR)

Галерија

Ценовник и Услови

1 ден 29.12.2022 Скопје – Виена

Состанок со групата  во 14.30 ч. на паркингот пред спортска сала Борис Трајкоквски, поаѓање за Виена во 15:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 30.12.2022 Виена

Пристигнување во Виена во предпладневните часови. Посета на OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF. Слободно време за шопинг. Патувањето продолжува кон Виена. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Ноќевање.

3 ден 31.12.2022 Виена

Појадок. После појадокот факултативно заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2023 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден 01.01.2023 Виена

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во вечерните часови со попатни паузи за одмор.

5 ден 02.01.2023 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.11.2022: 169 / 10.480 денари

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 189 / 11.720 денари

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  •       Превоз со високотуристички автобус
  •       Сместување во хотел Хотел Lenas West 3*на база 2НП
  •       Професионален туристички придружник за време на целото патување
  •       Посета на шопинг центар ПАРНДОРФ
  •       Организација и реализација на програмата

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  •       Влезница за дворецот Шенбрун – 50€ - (влезница + локален водич + превоз)
  •       Разглед на Виена со локален водич – 15
  •       Дунавска Кула – 25
  •       Доплата за избор на седиште во автобус 10
  •       Задолжително патничко осигурување – 175 ден
  •       Туристичка такса 2 еур по лице на ден ( се плаќа во агенција)
  •       Доплата за еднокреветна соба 4.340 ден.
  •       Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  За уплати на “early booking” потребна е уплата 30% од вкупната сума на аранжманот
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТРАВЕЛИКС
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди час и место на поаѓање.