Сејшели

Информации

Сејшели - остров каде сонцето не заоѓа

АВИОНСКИ БИЛЕТИ • ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ • ЛОКАЛНА ПОДДРШКА • ТРАНСФЕРИ • ЕКСКУРЗИИ

Галерија

Ценовник и Услови

Доколку се одлучите да патувате на Сејшелите, бидете подготвени за нереални убавини и незаборавни искуства. 

Овие острови со легендарна убавина претставуваат архипелаг составен од 115 гранитни и корални острови, од кои 33 населени. Се наоѓаат во западниот дел на Индискиот Океан, на 1500 км од Африканскиот континент. Овој изолиран рај според многумина е најубавиот архипелаг во светот.
Бујната тропска вегетација, разнобојните корални гребени, густите тропски шуми, сафирната боја на океанот, километарските плажи со бел песок, џиновските желки и изобилството на ретки егзотични птици се разгледница од Сејшелиските острови. Ануркањето на Сејшелите е посебно искуство бидејќи корланите гребени како природно богатство се заштитени на национално ниво.

 

 Најголемиот остров е Махе каде живее 90% од населението. На него е меѓународниот аеродром како и главната престолнина - градот Викторија, кој е воедно и најмалиот главен град во светот. Махе го красат многубројни ботанички градини со тропски цвеќиња и растенија, плантажи со чај и песочни плажи со боја на ванила. Најголемата плажа на овој остров е Beau Vallon а се наоѓа на северозападниот брег на островот. Оваа плажа се карактеризира со отсуство на морски струи, карпи и корали; што ја прави идеална за бањање и прв избор на многу посетители. Друга убава плажа на островот е Ance Intendance, лоцирана на јужниот дел од островот и позната по белите песоци. Плажата Ance Soleil е исто така една од поатрактивните, особено меѓу љубителите на нуркањето.

Праслин е вториот остров по големина, оддалечен 45 км североисточно од Махе. Познат е по градината Vallée de Mai, која се вбројува во светското наследство на УНЕСКО. На островот расте најголемиот кокосов орев  Coco de Mer. Најпознатите рајски плажи на островот се Anse Lazio како и плажата  Cote d’Or.

Многу атрактивен и често посетуван е островот Ла Диг кој плени со својата егзотика и убавина. Единствен начин да се стигне до него е со фери, глисер или друг воден превоз.

 

 

Понудата за Сејшели е обемна! Ве молиме контактирајте не за да подготвиме персонализирана предлог понуда за Вашето патување.

Адреса: Ул. Никола Вапцаров, бр. 12 - Скопје
 
Е-маил: info@travelx.mk
 
Viber&WhatsApp: +389(0)70 404 515
 
Контакт:
+389(0)2 311 1188
+389(0)70 404 515