fbpx

БАРЦЕЛОНА | 8-МИ МАРТ

БАРЦЕЛОНА | 8-МИ МАРТ

1 ден. 06.03.2020 (Петок) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:20 часот. Полетување за Барселона во 17:50 часот. Пристигнување во Барселона во 20:35 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

2 ден. 07.03.2020 (Сабота) БАРСЕЛОНА
Појадок. Организиран панорамски разглед на градот: поаѓање од хотел во 09.30 часот – булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, стоп пред стадионот Камп Ноу, можност за фотографиранје и пазарање од Фан Шопот на ФК Барселона (без влез), плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.

3 ден. 08.03.2020 (Недела) БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигуерас + Герона)
Појадок. Факултативна посета на Фигуерас со Герона, поаѓање од хотел во 09.30 часот – препорачуваме целодневна посета на Фигуерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватни колекции на Дали од други уметници. Попатно, на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичните куќички на брегот на реката Onyar…. Ноќевање.

4 ден. 09.03.2020 (Понеделник) БАРСЕЛОНА
Појадок. Факултативно, посета на Шпанското село кое ја обединува и прикажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Трансфер до аеродром, поаѓање околу 18.00 часот. полетување за Скопје во 21:15 часот. Пристигнување во Скопје во 23:55 часот.

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 20.12:     329€ (20.400 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:         379€ (23.500 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Барселона-Скопје
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см до 8 кг.)
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона
– Сместување во Хотел 3* во Барселона на база 3 ноќевања со појадок
– Организиран разглед на Барселона според програмата со вклучен трансфер
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Аеродромски такси 3.700 мкд
– Кабинска торба 10 кг. (димензии 55х40х23см) 2.000 мкд,
– багаж за чекирање (1 куфер до 10кг) 2.400 мкд (цената е променлива, инфо во агенција при резервација)
– 1 куфер до 20кг – 3.200 мкд*(цената е променлива, инфо во агенција при резервација)

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
– Аквариум – 20 евра
– Посета на Парк Гуел, Шпанско село – 50 евра (превоз и влезници)
– Посета на Фигерас и Герона – 60 евра (ЦЕЛОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА)
– Фламинко шоу со пијалок – 40 евра
– Влезници за Камп Ноу – 28 евра – (САМО БИЛЕТ)
– Билети за јавен превоз со метро

НАПОМЕНИ:
-За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и Т.А. ТРАВЕЛИКС. За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето

Општи напомени за патување:
– Туристичката агенција го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.