fbpx

БУДВА 8-ми МАРТ

БУДВА 8-ми МАРТ

Ден 1. Петок (06.03.2020) СКОПЈЕ – БУДВА
Состанок на групата во 22:30 пред хотел Холидеј Ин. Поаѓање за Будва во 23:00 часот. Попатни кратки паузи и царински формалности. Ноќно возење преку Косово и Албанија.

Ден 2. Сабота (07.03.2020) БУДВА
Во раните утрински часови пристигнување во Црна Гора. Најпрво се упатуваме во посета на Острошкиот манастир, кој е наоѓа на надморска височина од 900 метри, издлабен во карпа и e издигнат над рајските шуми. Манастир кој датира од 17 век и е секојдневно прибежиште на илјадници верници. Патувањето го продолжуваме кон Будва. Пристигнување и сместување во хотел. Попладнето прошетка во стариот дел на Будва. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

Ден 3. Недела (08.03.2020) ДУБРОВНИК
Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник преку Тиват со траект. Пристигнување во Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот: Страдун, Дубровачките градски ѕидини, Катедралата Вознесение на Дева Марија, Кнежев двор, статуата Св. Влах (заштитникот на градот)… Во попладневните часови се упатуваме назад кон Будва. Враќање во хотел. Можност за прошетка, опуштање и релаксација на Будванската ривиера. Вечера. Ноќевање.

Ден 4. Понеделник (09.03.2020) БУДВА – СВЕТИ СТЕФАН – БАР – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотел. Заминување кон Скопје со посета на шопинг центар Делта Подгорица. Тргнување накај Скопје со попатно застанување кај Свети Стефан за фотографирање, разглед на Бар. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 5.580,00 мкд. (90 €)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
– Сместување во двокреветни соби во хотел BIP* на база 2 полупансиони ( појадок и вечера ) и бесплатен интернет WI-FI
– Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативна посета на Дубровник -15 евра
– Патничко осигурување 150 мкд
– Туристичка такса 1,5 еур по лице на ден

Напомена:
– За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
– Редоследот на седењето во автобусот се прави според датумот на резервацијата.
– Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
– За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
– Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Травел Икс. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.