fbpx

БУДИМПЕШТА - Авион / 8ми МАРТ

БУДИМПЕШТА - Авион / 8ми МАРТ

1. ден 12.03.2020 (четврток) Скопје – Будимпешта
Состанок со групата на меѓународниот аеродром во Скопјe, во 13:30 часот. Полетување кон Будимпешта во 15:35 часот. Слетување во Будимпешта во 17:00 часот. Организиран панорамски разглед на градот: Плоштадот на Хероите, Операта, Андраши булеварот, црквата Матије Корвина, Парламентот, Кралската Палата. Трасфер до хотелот и сместување. Слободно време за прошетки или факултативна посета на традиционален Маџарски ресторан. Ноќевање.

2. ден 13.03.2020 (петок) Будимпешта
Појадок. По појадокот следува пешачки разглед на градот, а по истиот и можност за факултативна посета на ЗОО во Будимпешта. Во попладневните часови можност за посета на Тропикариумот и познатиот трговски центар Цампона. Во вечерашните часови можност за организиран факултативно крстарење на брод по Дунав. Ноќевање.

3. ден 14.03.2020 (сабота) Будимпешта – Szechenyi thermal bath
Појадок. Ви предлагаме можност за релаксација и опуштање во една од трите најпознати термални бањи во Будимпешта, Szechenyi thermal bath (факултативно). Овде може да уживате во извонредните природни термални води со температури од 74°C и 77°C распоредени во 18 базени, од кој секако централно најголема атракција се трите надворешни базени, со три различни температури (базен во кој би можеле да пливате со температура од 27°C, ‘’авантуристички’’ плиток базен со масажни млазници и температура од 33°C и базен кој содржи минерални води со температура од 38°C, како и 10 сауни, парни бањи, понуда на различни видови масажи, третмани на лице, но и многу повеќе. Слободно време за ноќна забава. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.

4. ден 15.03.2020 (недела) Будимпешта – Скопје
Појадок во хотел. Одјавување од хотел и трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 13:40 часот. Пристигнување во Скопје во 15:00 часот.

Цена: 189 € за уплата до 31.01.2020
Редовнана цена: 239 €

Цената вклучува:
– Директен лет на релација Скопје – Будимпешта – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
– Мала кабинска (ТОРБА/РАНЕЦ) до 8 кg. и максимални димензии 40x30x25 cm;
– Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
– Сместување во двокреветни соби во хотел – 3 ноќевања со појадок;
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром;

Цената не вклучува:
– Аеродромски такси – 3.100 мкд (50€);
– Влезници за ЗОО – 18 €
– Посета на Szechenyi thermal bath (влезнца и трансфер со јавен превоз) – 35 €;
– Тропикариум – 20 еур
– Вечера во национален ресторан – 25 еур
– Крстарење со брод – 20 еур
– Тикети за јавен трансфер
– Влезници за музеите и културно – историските споменици;
– Задолжително патничко – здравствено осигурување;
– Доплата за еднокреветна соба;

Напомена:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
– За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
– За овој програм важат Опшите Услови на патување на T.A TravelX Скопје.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Општи напомени за патување:
– Туристичката агенција го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
– Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.