fbpx

МАЛТА - СИЦИЛИЈА | 8-ми МАРТ

МАЛТА - СИЦИЛИЈА | 8-ми МАРТ

Малта (малтешки: Malta) е мала и густо населена островска држава која ја сочинува архипелаг во средината на Средоземното Море. Трите најголеми и населени острови се: Малта, Гозо и Комино, додека помалите како Филфа, Коминото и др. се ненаселени. Иако Малта геофизички е дел на Северна Африка (лежи на африканската континентална плоча, на југ од Сицилија, источно од Тунис и северно од Либија) ова земја геополитички се наоѓа во Јужна Европа. Малтешкиот е единствениот семитски јазик од афроазиската група на јазици кој се говори во една европска држава. Малта е членка на Комонвелтот, а од 1 мај 2004 г. членува и во Европската Унија.


1 ден. 03.03.2020 (Вторник)
Состанок со групата на аеродром Скопје во 11,00 часот. Летот е во 13,20 часот. Пристигнување на Малта во 15.10 часот. Трансфер до хотелот, сместување. Попладнето, ориентациска прошетка во околината на хотелот. Ноќевање

2 ден. 04.03.2020 (Среда)
Појадок. Rазглед на Валета, главниот град на Малта, и посета на знаменитостите изградени во времето на витезите темплари од редот на Свети Јован Крстител и катедралата каде се наоѓа едно од најпрочуените дела на италијанскиот сликар Караваџо – обезглавувањето на Свети Јован Крстител, палатата на големите мајстори, тврдината Ст.Елмо како и горните Барака градини. Во поладневните часови е предвидена ФАКУЛТАТИВЕН излет кон Плавата пештера, и посета на рибарското градче Марсашлок. (останатите ќе останат во Валета и самостојно ќе треба да се вратат во хотел). Ноќевање.

3 ден. 05.03.2020 (Четврток)
Појадок. Во 09:45 часот трансфер до аеродромот во Малта и во 12:00 часот лет кон Катанија (Сицилија). Пристигнување во Катанија во 12:50 часот. По завршување на аеродромските формалности, се упатуваме кон Сиракуза, прастара грчка колонија со прекрасниот Аполонов храм и стариот град Отригија. По разгледот се враќаме во Катанија. Сместување во хотел по што следи пешачка тура низ градот, уште еден бисер на Медитеранот. Ќе направиме обиколка на стариот град, плоштадот Дуомо, фонтаната на слонот, улицата Етнеа, плоштадот Стесикоро и друго. Ноќевање

4 ден 06.03.2020 (Петок)
Појадок. Слободен ден или ФАКУЛТАТИВЕН разглед на Палермо. Поаѓање кон Палермо во 8:30 наутро. По пристигнувањето разгледот ќе го започнеме со посета на катедралата во Монреале и предградието на Палермо. Потоа ке направиме пешачка обиколка на центарот за да ја видиме Норманската палата, палатата Палатина. Враќање во Катанија. Ноќевање.

5 ден 07.02.2020 (Сабота)
Појадок. Слободно време до 10:45 поаѓање на аеродром Катанија на лет за Малта во 13:25, слетување на Малта 14:20 часот. Трансфер до хотелот, слободно време. Ноќевање.

6 ден 08.03.2020 (Недела)
Појадок. Слободен ден, или ФАКУЛТАТИВНА посета на островот Гозо и неговите знаменитости.

7 ден 09.03.2020 (Понеделник)
Слободен ден за прошетки или шопинг во Слијема или Ст. Џулианс, или ФАКУЛТАТИВНА посета на Попај Вилиџ.

8 ден 10.03.2020 (Вторник)
По појадокот ФАКУЛТАТИВНА посета на старата престолнина Мдина и соседната Моста, Музејот на Витезите, трансфер на аеродром 13,35 на лет 15,55 пристигнување во Скопје 17,15 часот.

Цена на аранжманот 490 еур. / 30.380 ден.

Во цената е вклучено:
– авионски превоз Скопје – Малта- Скопје со рачен багаж до 8 килограми,
– авионски превоз Малта – Сицилија – Малта, со рачен багаж до 8 килограми,
– хотелско сместување, 7 ноќевања во хотели со 3* на база на ноќевање со појадок
– разгледот на Валета
– трансфер аеродром – хотел – аеродром
– сите трансфери на Сицилија, освен за Палермо

Во цената не е вклучено:
– Чекиран багаж до 10 кг. за летот Скопје-Малта-Скопје – ________ ден.
– Чекиран багаж до 10 кг. за летот Малта-Сицилија-Малта – ______ ден.
– Чекиран багаж до 20 кг. за летот Скопје-Малта-Скопје – ________ ден.
– Чекиран багаж до 20 кг. за летот Малта-Сицилија-Малта – _______ ден.
– Малта, посета на Гозо 40 еур
– Малта, посета на Моста и Мдина 30 еур
– Малта, посета на Марсашлок 20 еур
– Малта, посета на Попај вилиџ 25 еур
– Сицилија, посета на Палермо 30 еур
– влезници каде ќе е потребно
– туристичка такса, 750 ден. по лице за целиот престој