fbpx

ВИЛА МАРИЈА

Информации

Вила “Maria” се наоѓа во центарот на Ханиоти, односно на самиот плоштад и нa oколу 150m oд плажа. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла, како и 1/3+1 студија со 3 редовни и 1 дополнително легло на развлекување на I и II кат. Сите се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер…), тоалет, крпи за лице и тело, клима (БЕСПЛАТНА), ТВ, како и бесплатен интернет, гардеробер, сушара, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња со поглед на плоштадот, кон многуте барови, ресторани, продавници…
(MDT)

Галерија

Ценовник и Услови

НАПОМЕНА

– Цените со * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;

– Цените без * се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд

– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

– Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;

– Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Струмица / Удово / Гевгелија;

– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.

– Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

– Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

– Доплата за патничко осигурување.