fbpx

Вила KOSTAS

Информации

Вила “Kostas”, се наоѓа во центарот на Калитеа на самиот главен булевар и на околу 120m од плажа. Располага со 1/4 студија (едно дупло легло + две единечни или четири единечни легла), комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер…), комплетно реновирани нови купатила, просторни балкони (масичка со столчиња) со поглед напред на булеварот и кон море (од студијата на II кат), LCD телевизор, гардеробер, клима и интернет – БЕСПЛАТНИ.

Галерија

Ценовник и Услови

НАПОМЕНА
– Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
– Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
– Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот. Постелнината се менува на денот на сместувањето и уште еднаш во текот на неделата;
– Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Гевгелија;
– Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
– Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
– Доплата за клима – 5€ од ден (на рецепција);
– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
– Доплата за патничко осигурување.