fbpx

Вила Dimitra

Информации

Вила Димитра се наоѓа на 500метри од плажа, веднаш до училиштето на Калитеа и на 2мин пешачење до центарот на Калитеа. Можност за паркирање има на самата улица како и на 40м одалеченост од вилата каде има бесплатен паркинг.
Трокреветните студија, располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима без доплата и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор кат.
Четворокреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен толатет и балкон или тераса, тв, клима без доплата и wi-fi. Петтокреветното студио располага со едноспален кревет за две лица и три единечни легла, се наоѓа на прв кат и гледа кон улица, има кујна на страна од собата со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

Галерија

Ценовник и Услови

Услови за рана разервација: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата
Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=62 мкд.