fbpx

Вила Popis

Информации

Вила Попис се наоѓа на самото шеталиште, т.е прва пешачка улица во строгиот центар на Калитеа. Во нејзина близина се наоѓа, маркет, слаткарница, продавници, фурна, ресторани, кафетерии итн. На 200м одалеченост се наоѓа плажата до која се стига преку улица или скали. Калитеа е сместена на повисоко теренско место, затоа пристапот до плажа е по удолница.
Вилата не располага со паркинг и околу неа нема расположливост за паркинг, најблизок паркинг простор е на 150м одалеченост, кој е бесплатен и се наоѓа на 2 паралелни улици погоре од самата вила. Во долниот дел на вилата се наоѓа мала приемна канцеларија каде се подигаат клучевите за сместувањето, и се остава багаж додека се чека превоз при напуштањето на собите.
Сите соби се двокреветни со брачен кревет, со капацитет само за 2 лица со можност да се смести мало дете со неполни 6 год кое би спиело со родители бидејки нема простор за дополнителни легла. Собите располагаат со мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење која е во склоп на самото студио, сопствен тоалет, балкон, клима без доплата и wi-fi.

Галерија

Ценовник и Услови

При резервација се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Услови за рана разервација: Потребно е 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата.

Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=62мкд.