fbpx

PARTENON

Информации

Вила “Parthenon” се наоѓа во Неос Мармарас, во непосредна близина над пристаништето, нa oколу 50m oд најблиската мала плажа и на околу 500m од познатата плажа Paradisos. Вилата има 2 влеза. Во задниот дел се наоѓа прекрасно уреден двор со лулашки за деца и скара за гостите со маси и столчиња. Располага со 1/2 и 1/3 студија со редовни легла, како и 1/3+1 студија со 3 редовни и 1 дополнително легло на извлекување. Студијата се наоѓаат на I и II кат, сите опремени со: кујна (со прибор за онолку лица поред број на легла, фржидер), тоалет, клима (со доплата 3€ од ден), ТВ, бесплатен Wi-FI тернет, гардеробер, широки балкони со тенди за сонце и масичка со столчиња.

Галерија

Ценовник и Услови

НАПОМЕНА

– Цените со * се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз, 3-то и 4-то плаќаат само превоз.
– Цените за 7 ноќи/8 дена (без *), се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 09:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
– Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
– Превозот ги остава/зема патниците пред вилата.
– Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (со *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;
– Доплата за клима – 3€ од ден (на лице место);
– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);