fbpx

Вила ,,Никити Беј,,

Информации

Никити Беј Апартмани релативно нова градба, изградена е 2014год. a сите соби се реновирани 2018/2019год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 150м од плажа, во мирниот дел на градот. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија. Секое од модерно опремените студија е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, ТВ, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голем двор. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг.
(MV)

Галерија

Ценовник и Услови

ЦЕНОВНИК

-10% за резервации до 31.03.2019, Early Booking

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Цените кои се означени со (*) се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување, плаќаат само превоз. За користење на сопствен превоз се намалува – 10ЕУР од лице.

– Цените означени без (*) за 7 ноќи/8 дена, се дадени за наем на студио без вклучен превоз;

НАПОМЕНА:

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

– Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;

– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);