fbpx

Хотел Amon Garden

Информации

На само 100 м. од плажа и 200 м. од центарот на Пефкохори е социран хотел AMON GARDEN 3*.
Хотелски содржини: 27 хотелски студиа на приземје, први и втори кат, базен со 2 нивоа на длабочина од 1,10 и 2,22 м. со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби, WI-FI интернет, прекрасно уреден двор со палми и многу зеленило, бесплатен паркинг. Хотелско сместување: Сместувачките капацитети се од типот на студија со комплетно опремена кујна со фрижидер и се состојат од 3 редовни легла и една софа на расклопување, наменета за дете до 12 год. кое се сместува бесплатно, Baby cot, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, ноќни ламби, тераса со масичка и столчиња со поглед на базен. Дозволени се домашни миленичиња. Хотелски Услуги: Појадок, шведска маса (на самопослужување) од 08:30 до 10:00 во ресторанот на хотелот. Вечера – мени, избор од 4-5 главни јадења/салата/десерт, во ресторанот кој се наоѓа на сама плажа. Чистењето на студијата е секој ден а промена на постелнина и крпи на секои 3 дена.
(MDT)

Галерија

Ценовник и Услови

НАПОМЕНА:
– Цените се дадени по лице за 7 ноќевања со појдок, без превоз.
– Хотелското сместување е од типот студио, со комплетно опремена мини кујна.
– B/B (ноќевање со појадок, на база шведска маса).
– Вечерата е со доплата и е во ресторан на сама плажа.
– Цените се изразени во евра, а уплатата е во денари по курс 1 еур=62 ден.
– Baby cot (бесплатно на барање)
– Клима уред – бесплатно.
– WI-FI бесплатно во лоби барот и покрај базенот.
– Автобусот ги остава/зема патниците на околу 20 м. од хотелот.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Прво дете до 12 г. бесплатно.
– Второ дете од 6 до 12 г. 50% попуст.
– Трет возрасен, 40% попуст.
– Доплата за туристичка такса 1,5 еур. од ноќ (се плаќа на рецепција при сместување)
– Доплата за вечера 70 еур. за возрасен/40 еур. за дете до 12 год. (за цел престој)

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
– 35 еур. за возрасен
– 25 еур. за деца од 2 до 12 год.
– Деца до 2 год. БЕСПЛАТНО (не користи седиште)