fbpx

ПОПОВА КУЛА

Информации

Винарската визба Попова Кула и лозовите насади се лоцирани на јужната падина на Велико Брдо, западно од прекрасното градче Демир Капија во близина на автопатот Е-75. Демиркаписката долина се наоѓа на југоисточниот дел од Тиквешкиот вински под регион, што е дел од Повардарискиот Регион. Најстарите археолошки пронајдоци докажуваат дека луѓето во овој реон одгледувале винова лоза и произведувале вино во 13 век п.н.е. Демиркапискиот регион располага со одлични климатски и почвени услови за одгледување на винова лоза. Кралството на Кралот Александар Караѓорѓевиќ се протегало на територијата на денешните држави Македонија, Србија, Црна Гора, Босна , Хрватска и Словенија, вклучувајќи ги и брегот на Јадранскто Море и Панонската низина. Со тоа Кралот Александар имал бројни можности да избира локации за садење на лозовите насади низ целото кралство. Но следејќи ги препораките на своите мудри советници тој ја донесува вистинската одлука и го избира микрорегонот на Демир Капија како идеална локација за своите лозови насади, на истото место каде што денес е лоцирана нашата винарска визба. Кога прв пат дојдовме на ова место ние знаевме дека ова е идеалната локација за нашите лозови насади и винарска визба. Преку сликите објавени на нашата интернет страница ќе се обидиме и вам да Ви го покажеме тоа. Меѓутоа Ве покануваме да не посетите и самите да ги доживеете убавините и магијата на регионот. Сигурни сме дека и Вие ќе ја поддржите нашата одлука за локацијата. Хотелот „Попова Кула“ Ви нуди незаборавно искуство со своите 33 соби, секоја именувана според сортите вина кои се произведуваат во Попова Кула и декорирана во склад со боите и нијансите на виното. Сите се опремени со: телефон и интернет, клима уред и сателитска телевизија. Поголемиот дел од нив имаат и балкон со восхитувачки поглед на прекрасната околина – вистински предизвик за љубителите на природата. Веднаш до рецепцијата во хотелот се наоѓа и нашата продавница за вино и сувенири, во којашто можете да ги купите нашите вина и други различни подароци по намалена цена.

Галерија

Ценовник и Услови

ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ
Околината на Винаријата Попова Кула ви нуди можност да уживате во една поразлична приказна. Покрај тоа што имате можност да научете нешто повеќе за душата и аромите на виното,имате можност и да се поврзете со недопрената природа во околината.
Заменете го секојдневието со следниве прошетки:

РЕКА ДОШНИЦА, ДОЛИНА НА КАКТУСИ, КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ, ТВРДИНА ПРОСЕК, ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ, ТОПЛИ ВИРОВИ НА РЕКАТА “ДОШНИЦА” и многу други…
Едно ноќевање + дегустација на 3 вина и ордервер двокреветна соба еднокреветна соба Две ноќевања = ТРИ НОЌЕВАЊА (СО едно ноќевање гратис) + дегустација на 3 вина и ордервер двокреветна соба еднокреветна соба
Цена по лице 1.530 ден. 1.840 ден. Цена по лице 3.075 ден. 3.680 ден.

Цената е по лице за даден број на ноќи со доручек

Дете до 12 год. е БЕСПЛАТНО со две возрасни лица во соба, дете 12-18 год. плаќа 600 мкд по ноќ