fbpx

Hot Springs Medical Hotel

Информации

Добредојдовте во новиот дом на минералната вода…HOT SPRINGS&SPA е нов четириѕвезден хотел што се наоѓа на 5 километри од Банско во селото Бања, надалеку познато по минералните термални извори. Удобен, топол и уникатен планински хотел, елегантно проектиран и опремен со природни материјали-дрво и камен кои внесуваат конфор и декоративен акцент во сите соби и апартмани кои имаат поглед кон три планини иликон прекрасната борова шума… HOT SPRINGS&SPA е Спа хотел на годината;има отворен и затворен базен со хидромасажни млазеви со чиста минерална вода со температура од 36° C проектирани со детски оддел, а во Spa & Wеllness центарот има парна бања, солариум-Био сауна со 60 ° C , фински сауни со 80 ° C и 90° C, турски хамам, солена соба, иглу и ледена фонтана. Составен дел на Spa & Wеllness центарот е посебен ресторан за брза храна, каде гостите можат да влезат директно од базенот, сосема релаксирано да ручаат и да се вратат и повторно уживаат во благодетите на топлата минерална вода. Сите соби во хотелот се климатизирани, опремени со TV со рамен екран и сателитски канали, сопствено купатило со туш или када со минерална вода, бањарки, влечки, крпи за базен…Хотелот има голем лоби бар, а доколку сакате да одмарате без придружба на Вашите деца, за нив ќе се грижи и ќе ги забавува обучен тим во Мини парти клубот. HOT SPRINGS & SPA има медицински персонал коj, користејќи ги лековитите својства на минералната вода може да Ви предложи програми за физиотерапија, рехабилитација, детокс програми, програми за слабеење и анти-стрес процедури.

Галерија

Ценовник и Услови

Период Денови на престој Двокреветна соба – комфорт (2+0) Двокреветна соба – егзекутив (2+1) Алпин студио (2+2) Јуниор сјуит (2+2) Алпин апп (2+3)
03.01-06.03.2021|
30.07-06.09.2021
Недела-четврток 61€ 64€ 72€ 76€ 87€
Петок и сабота 74€ 77€ 84€ 88€ 100€
07.03-29.07.2021|

07.09-22.12.2021

Недела-четврток 53€ 58€ 63€ 68€ 78€
Петок и сабота 63€ 68€ 74€ 78€ 88€

Цените се во евра по лице за 1 ноќевање и вклучуваат :
 Појадок и вечера
 Користење на СПА Центар – внатрешни и надворешни базени со минерална вода, сауна, парна бања,
турска бања, ледена фонтана, солена соба, тепидариум, лакониум, фитнес
 Интернет, паркинг
СПЕЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ :

3=4 ВАЖИ ДО 22.12.2021
 10% попуст за престој од 3 – 4 ноќевања
 15% попуст за минимален престој од 5 ноќевања

Минимален престој за викенд – 2 ноќевања

Дополнителни услови :
 За сместување во еднокреветна соба – 20% попуст од цената за 2 лица
 Дете до 5.99 год. – бесплатно
 Прво дете од 6-11.99 год. на дополнително легло – доплата 31€ на ден
 Второ дете од 6-11.99 год. на дополнително легло – доплата 21€ на ден
 Дете од 6-11.99 год. на редовно легло – 25% попуст од цената за возрасен
 Трет возрасен на дополнително легло – доплата 41€ на ден
 Четврт возрасен на дополнително легло – доплата 31€ на ден
Доплата за туристичка такса – 1€ по лице на ден