Вечниот град - РИМ
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Сите патишта водат кон Рим, е позната изрека, но и добар предлог за ваша следна Европска метропола... Историјата на Рим е богата и бурна, почнувајќи од приказната за за Ромул и Рем и како e создаден овој град на 7 ридови, градот има повеќе од 900 цркви... Пантеон бил најголемиот црковен храм сè до средината на 15, а главно седиште на папата била црквата Свети Јован Латеран... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, со базиликата на Свети Петар и музеите во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа,... Шпанските скали...
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 19:15 часот. Полетување за Рим во 20:50 и слетување во 22:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
Појадок. Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон… Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.
Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до Аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 22:50 и слетување во 00:35 часот.
Цената вклучува:
Цената не вклучува: