fbpx

ИСТАНБУЛ

ИСТАНБУЛ

1 ден 06.03.2020 (петок) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Богородица и Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 07.03.2020 (сабота) ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит- најстариот универзитет, Лалели, Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу,Операта, стадионот на ФК Бешикташ, Долма Бахче Сарајот. Прошетка низ Таксим. Потоа факултативна посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма Бахче Сарај Палатата со локален водич. Предлагаме и прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме (факултативно), возбудлив вечерен раглед на градот“ Istanbul by night”, со посета на “Safir Seyr terasi”… Ноќевање.

3 ден 08.03.2020 (недела) ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: Коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Предлагаме ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата ( влезница се плаќа на лице место). Вечерта факултативно ве водиме во традиционален ресторан со богато мени и прекрасна програма со ориентални танци за незаборавно доживување. Ноќевање.

4 ден 09.03.2020 (понеделник) ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ
Појадок. Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот.
Во приквечерни часови ве водиме факултативно на Азиската страна на Истанбул и Ускудар со метро, преку подводниот тунел Мармарас, за само 4 мин. Тунелот е изграден 60 м. под Босфор. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеи, познато по многубројните ресторани покрај Босфор но и по прекрасните куќи на богатите жители на Истанбул.Се враќаме преку најголемиот и најпознат мост преку Босфор. Ноќевање.

5 ден 10.03.2020 (вторник) ИСТАНБУЛ-СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Ве водиме во големиот шопинг центар ФОРУМ. Во попладневните часови поаѓаме за Скопје. Се патува преку Грција. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ден 11.03.2020 (среда) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2020: 119 € / 7.380 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 €/ 8.000 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Превоз со високотуристички автобус
-Сместување во хотел со 3* на база 3 НП
-Туристички пратител на програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Задолжително патничко осигурување 210 мкд.
-Панорамско разгледување на градот со локален водич (10€ )
-Отомански и Византиски Истанбул (автобус,локален водич): (10€ )
-Крстарење по Босфор (20€)
-Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница и влезница за харемот: (35€)
-Влезници: Аја Софија: (20€), Топ Капи (без Харем): (15€) , Харемот во Топ Капи– (10€)
-Посета на Азискиот дел на Истанбул (15€)
-Принцески острови – (15€)
-Влезница за Галата кула –
-Цистерна – (10€ )
-Istanbul by night со Sapphire Seyyir Terrase)- (15€)+ метро билет
-Доплата за еднокреветна соба 3.720 ден

НАПОМЕНИ:
-За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
-Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
-Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
-За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
-Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.н