fbpx

РИМ | 8-ми МАРТ

РИМ | 8-ми МАРТ

1 ден. 12.03.2020 (Четврток) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Скопје во 15:30 часот. Лет за Рим во 17:20 часот. Слетување во Рим во 18:55 часот. Автобус за трасфер не пречекува на аеродромот Чампио… Трансфер до хотел. Сместување. Вечерта, на атрактивна локација, може да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед…. Ноќевање.

2 ден. 13.03.2020 (Петок) РИМ
Појадок. Панорамски разглед со автобус и локален водич (траење 2 часа): Св. Јован Латерански, Порта Маџоре, Аурелијански ѕидини, Св Петар и Павле, Каракалини терми, кејот на Тибар, замокот Ст.Анџело, Св.Петар, Св.Павле надвор од ѕидините – фото стоп и посета на гробот на Св.Павле, плоштадот Дел Пополо …. Пауза за ручек и кафе во близина на Колосеумот. Попладне (факултативно) – Антички Рим – со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење околу 4 часа) – Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција, олтарот на Татковината, плоштадот Кампидољо…. Враќање во хотел индивидуално. Ноќевање.

3 ден. 14.03.2020 (Сабота) РИМ
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Пауза за ручек и кафе. Попладне, факултативно разглед на Барокен Рим, (траење околу 2 часа) – уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, плоштадот Навона, Нептиновата фонтана, фонтаната на Четирите реки, фонтаната на Маврот … Слободно време. Ноќевање.

4 ден. 15.03.2020 (Недела) РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Организиран трансфер до аеродромот Чампино (оклу 17.00ч). Полетување за Скопје во 20:15 часот. Пристигнување во Скопје во 21.50 часот.

ЦЕНА за уплата до 20.12.2019___239€ (14.820 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:_______269€ (16.680 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со WizzAir
• Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 8кг
• Трансфер аеродром – хотел – аеродром
• Сместување во хотел на база 3* ноќевања со појадок
• Организиран панорамски разглед на Рим
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Аеродромски такси 3.700 мкд
• Туристичка такса 6 евра на ден (се плаќа во агенција)
• Доплата за чекиран багаж – куфер до 10kg 1.800 мкд *(цената може да се промени како наближува летот)
• Влезници во музеите и културно историските споменици
• Карти за локален превоз (метро)
• Патничко – здравствено осигурување
• Доплата за еднокреветна соба 4.700 мкд

Факултативни излети:
Ватикански музеј, Св.Петар, Систинска капела, – 60 евра
Тиволи – 50 евра
Барокен Рим – Рим 15 евра
Антички Рим – 35 евра

Напомена:
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници.
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 особи.
• За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации.
• За овој програм важат Опшите Услови на патување на T.A. ТРАВЕЛИКС Скопје.
• Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Општи напомени за патување:
• Туристичката агенција го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
• Организаторот на патувањето го задржува правото за промена нараспоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.