fbpx

8-ми МАРТ - КИПАР

8-ми МАРТ - КИПАР

1. ден 15.03.2020 (недела) СКОПЈЕ – ЛИМАСОЛ – ЛАРНАКА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:00 часот. Полетување за Ларнака во 06:00 часот. Пристигнување во Ларнака во 09:20 часот. Трансфер до хотелот со разглед на Лимасол и соленото езеро АЛИКИ – второ по големина езро на Кипар. За време на зимата, езерото е дом на птици кои мигрираат, вклучувајќи илјадници фламинга кои остануваат меѓу ноември и март. Заминување за Ларнака. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка по центарот на Ларнака. Ноќевање.

2. ден 16.03.2020 (Понеделник) ЛАРНАКА – НИКОЗИЈА
Појадок. По појадокот факултативен разглед на главниот град на Кипар-Никозија со организиран локален водич. Еден град поделен на два со 130,000 жители, две временки зони, граница и пасошка контрола, (задолжително носење пасош со себе) се поминува граница кон турскиот дел од градот. Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia (Добар комшија) исполнет со голем број на продавнички, кафичи, атељеа и тесни улички. Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј, Катедралата на Св Јован, големата палата на Архиепископот Макариос III… Слободно време за ручек. По ручекот се заминува кон зелената линија и познатиот ѕид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Посета на црквата Фанеромени лоцирана на самата граница како и статуата на независен Кипар. Враќање во хотел во Ларнака. Ноќевање.

3. ден 17.03.2020 (Вторник) ЛАРНАКА – АЈА НАПА
Појадок. Во 10:00 часот тргнување за Аја Напа и Фамагуста со организиран автобус. Мало туристичко место со ресторани и продавници и прекрасна плажа. Слободно време за разглед, плажа и одмор. Тргнување назад во 16:00 часот. Враќање во хотел во 17:00 часот. Слободно време за прошетки низ Ларнака или факултативна вечера во традиционален ресторан. Ноќевање.

4. ден 18.03.2020 (Среда) ЛИМАСОЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 07:45 часот. Пристигнување во Скопје во 11 и 20 часот.

Цена за уплата до 30.12.2019: 219 € (13,600,00 ден.)
Редовна цена: 250 € (15,500,00 ден.)

Во цената на аранжманот Е вклучено:
• Директен лет на релација Скопје – Ларнака – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
Аеродромски такси
• Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;
• Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;
• Сместување во хотелна база 3 ночевања со појадок во хотел 3*во Ларнака
• Организиран разглед на Ларнака и Соленото Езеро
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
• Доплата за кабински багаж до 10 кг (55x40x23 cm) – 1,800,00 ден. за двата правца
• Туристичка такса – 280 денари по соба за 3 ноќи (1,5 евро по ноќ по соба).
• Влезници за локалитети и карти за локален превоз.
• Факултативна посета на Фамагуста и Аја Напа со локален водич и трансфер 55 € (минимум 15 патника)
• Факултативна целодневна посетаградот Никозија со влезници за одрдени капацитети пратител и трансфер 50 € (минимум 15 патника)
• Патничко осигурување180денари

Напомена:
– За реализација на програмата потрено е група од 25 патника
– ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА ВО АГЕНЦИЈА !!!!
– Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот ( не важи за цената со рана уплата) и копија од пасош, Комплетна доплата 10 дена пред поаѓање .
– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цена на превоз или не доволен број на пријавени патници да ја измени цената на аранжманот или да го откаже истиот во целост 7 дена пред поагање,како и промена на редоследот на факултативни излети во случај на објективни нрепредвидени причини.
– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето
– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
– Калкулацијата за факултативните излети е направена нa минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција.