fbpx

ВИЛА HRISTOS

Информации

Вила Христос се наоѓа во центарот на Сивири,на најатрактивна локација, непосредно пред плажата. Располага со двокреветни соби и четворокреветни апартмани, ориентирани кон југозапад, и од терасите ќе уживате во прекрасното зајдисонце. Сите студија и апартмани се опремени со кујна, опремена со основен прибор за јадење, купатило ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот.

Галерија

Ценовник и Услови

ТЕРМИН ОД: НОЌИ HRISTOS         1/2 studio HRISTOS       1/4 app
19.06 7 230 290
26.06 7 250 330
03.07 7 270 360
10.07 7 300 380
17.07 7 300 380
24.07 7 300 380
31.07 7 300 380
07.08 7 300 380
14.08 7 280 360
21.08 7 240 330
28.08 7 210 290
04.09 7 160 220
11.09 7 80 160
18 .09 7 70 80

НАПОМЕНИ:
* Цените БЕЗ * се однесуваат за наем на студио и апартман за 7 ноќевања.
* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).
* Туристичка такса е 0.5 еур на ден по апартман и се плаќа на лице место.
* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.
* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.

ПОПУСТИ:
* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%. * Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.                        * Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:
* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 30% од износот на аранжманот
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата.

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 35 € возрасни
* 25 € деца од 2 – 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)