8МИ МАРТ БУДИМПЕШТА

Информации

За патувањето

Еден од најпознатите градови по течението на најголемата европска река, со векови е “непризнат” центар на светските политички влијанија. Оваа престолнина, во далечното минато формирана од двата града: Будим и Пешта, секогаш го привлекувала вниманието на сите кои го минувале патот од западниот кон источниот дел на стариот континент. Оваа европската крстосница, токму поради нејзината вековна улога, се формирала во таков сплет од остатоци на разни култури, при што успеала да се издвои и наметне со својот единствен стил.(stff)

Tермин: 08-10.03 (07.03 поаѓање)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 ЕВРА ПО ЛИЦЕ /10.480мкд

 ЦЕНА: 139 ЕВРА ПО ЛИЦЕ / 8.618 мкд до 10.02.2024 

Галерија

Ценовник и Услови

07.03.2024 (Четврток)-Скопје-Будимпешта

Состанок на групата во 17.00час. Поаѓање за Будимпешта во 17.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, Црквата „Св. Стефан“, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата „Св. Матејас“, Рибарската тврдина...

Сместување во хотел. Вечерта, факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови.

Појадок. Moжност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое  се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време за индивидуални активности.

Вечерта, факултативно вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолклорна и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна.

Ноќевање.

Појадок. Индивидуално слободно време за прошетка низ центарот на градот или по познатата улица Ваци или посета на зоолошка градина.

Тргнување за Скопје во пладневните часови. Се патува преку Србија, со куси попатни паузи. Ноќно возење.

Пристигнување во Скопје во утринските часови, на 11.03-Понеделник.

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

    Што е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 4* Danubius hotel Hungaria city centar во Будимпешта
  • Организација и водство на патувањето

Не е вклучено:

  • Задолжителен разглед на Будимпешта со водич (15 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа (20 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан (40 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување 200 мкд
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба-3.500
  • Туристичка такса 4 евра по лице се плаќа во автобус

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ (Разглед Будимпешта, Крстарење по Дунав и Посета на Сент Андреа)- евра – 50 евра ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ – 85 евра