8-МИ МАРТ БУДВА И ДУБРОВНИК

Информации

За патувањето

Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.
Покрај посетата на Будва ги посетуваме Дубровник, Котор, Пераст и Тиват. Во продолжение програмата… (stff)

 

Цена на аранжманот до 25.02.2024/ 99 евра
Редовна цена на аранжманот 109 евра

Галерија

Ценовник и Услови

07.03.2024 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ ХОТЕЛ РУСИЈА

Состанок на групата во 22:00 часот пред хотел Русија. Организиран превоз од: Koчани и Штип заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.

Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, изидигнад над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпостуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот со локален водич.Сместување во апартманите Слободно време за одмор. Организирана прослава за 8-ми Март. Ноќевање

Можност за факултативна посета на Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавот Јадранско море… Слободно време, враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош. Ноќевање.

10.03.2024 (НЕДЕЛА) - БУДВА –ТИВАТ- КОТОР - СКОПЈЕ

Првото место што се псоетува е местото Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. Прошетката продолжува низ Котор каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за ручек каде подоцна не очекува крстарење со глисери по Бока Которска. Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква.храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капела Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. Ексурзијата продолжува кон Перат, мал град на црногорското крајбрежје на Јадранското Море. Познат е по живописното опкружување и богатото културно наследство и се наоѓа во Бока Которска. Како и претходните атракции споменати досега, ова место е дом на историски градби, вклучувајќи ја црквата Свети Ѓорѓи од 16 век. По посетата на Пераст групата се упатува кон Македонија а попатно се зимаат патниците кои не одат на овој факултативен излет. Пристигнување во Македонија после полноќ

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Доплата за сингл соба (50% од сумата на аранжманот)- за лица кои патуват сами.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош или лична карта, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето Ова патување може да се реализира со лична карта

Што е вклучено:

  • Автобускиот превоз со високо туристички автобуси
  • 2 ноќевања во приватни сместувања.
  • Организирана прошетка во Будва
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Посета на Острог
  • Организација и реализација на аранжманот

Не е вклучено:

  • Патничко осигурување (се вади во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра од лице. Се плаќа задолжително од лице во автобус
  • Факултативен излет до Тиват, Котор и крстарење по Бока Которска – 35 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
  • Факултативен излет до Дубровник – 30 евра (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети
  • Организирана прослава за 8-ми Март (цената ќе биде објавена во месец Февруари)