Vila Dinira - Фурка

Информации

Локација: Лоцирана на првата улица која се протега низ долгиот брег на Фурка, вилата воедно се наоѓа на само 50 м. оддалеченост од песочната плажа.

  • Сместување: Ниско приземје и прв каттрикреветни и четири креветни студиа.
  • Студио 1/3– три единечни кревети, опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Студио 1/3+1-брачен кревет и лежај со фиока на извлекување, опремена кујна, бања, ТВ, тераса.
  • Клима уредот е вклучен во цената.
  • Пешкири и хигиенски средства  нема во сместувачките капацитети.
  • Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).

Галерија

Ценовник и Услови

Период Бр.на ноќи 1/3 студио
Ниско приземје
1/3+1 студио
Прв и Втор кат
25.05 – 01.06 7 99 €
149 € 
01.06 – 08.06 7 159 € 209 €
08.06 – 15.06 7 199 € 249 €
15.06 – 22.06 7 239 € 289 €
22.06 –  29.06 7 279 € 329 €
29.06 – 06.07 7 319 € 369 €
06.07 – 13.07 7 359 € 459 €
13.07 – 20.07 7 399 € 499 €
20.07 – 27.07 7 399 € 499 €
27.07 – 03.08 7 399 € 499 €
03.08 – 10.08 7 399 € 499 €
10.08 – 17.08 7 399 € 499 €
17.08 –  24.08 7 399 € 499 €
24.08 – 31.08 7 359 € 459 €
31.08 – 07.09 7 259 € 359 €
07.09 – 14.09 7 209 € 279 €
14.09 – 21.09 7 169 € 239 €
21.09 – 28.09 7 109 € 159 €

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања.

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

* Задожолжителна  доплата за туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 7%. * Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.

* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуални во периодот на доплата.

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 15 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 45 € возрасни

* 35 € деца од 2 - 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)