Евиа за 8ми март

Информации

Добредојдовте  во Лутра Едипсос, место кое ви нуди уникатно задовлство – термални извори во море! Комбинација која ги опушта и ревитализира гостите кои доаѓаат на ова место, познато уште од античко време! Императори како Константин Велики доаѓале во ова место познато по своите исцелителни моќи!

Едно сосема ново и поинакво искуство и несекојдневно доживување – место кое мора да го посетите!

Галерија

Ценовник и Услови

Програма:
1 ден – 08.03.2024 (Петок)

Состанок со групата во 00:30, тргнување за Евиа во   01:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Меџитлија, со попатни паузи и застанувања за царински формалности. 
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа и качување на брод – траект. Со траектот се патува околу 30 минути, пристигнување во Евиа кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до Лутра Едипсос, една од најпознатите бањи во Грција. Сместување во хотел Мито, лоциран во централниот дел на Едипсос. Кратка прошетка пеш за запознавање на местото. Слободно време за индивидуални активности, како и за одмор и релаксација. 
Вечера и ноќевање.

2 ден – 09.03.2024 (Сабота)

Појадок. Факултативен излет до манастирот Св. Давид Евиски, и до местото Прокопи, познато по манастирот посветен на Св. Јован Руски. Моштите на овие светители се лековити и местото привлекува голем број посетители – верници. На ниво на Грција, после манастирите на Света Гора, и на Метеорите, манастирите Св. Јован Руски и Св. Давид Евиски се најпосетени и најзначајни. Во Прокопи има убави кафулиња и продавници за сувенири. 
Враќање во Лутра Едипсос, време за одмор, како и за користење на отворените безени со минерална вода кои се влеваат во морето. 
Организирана осмомартовска забава со вечера. Ноќевање.

3 ден – 10.03.2024 (Недела)

Појадок. Слободно време за прошетка. Во договореното време поаѓање за Агиос Кампос и качување на траект. Од Глифа продолжуваме со возење со автобус кон Македонија. Попатни паузи и одмор,како и застанување за царински формалности. Пристигнување во Охрид во доцните попладневни часови. 

Промо цена на аранжманот: 139 евра по лице (со резервации и уплата на 1/3 од аранжманот до 15.02.2024)
Редовна цена на аранжманот: 159 евра по лице

Во цената е вклучено:
- Превоз со туристички автобус
- Повратна карта Глифа – Агиос Кампос – Глифа
- 2 Ноќевања во хотел Мито, на база полупансион (појадок и вечера)
- Разглед на градот
- Организирана осмомартовска забава
- Туристичка такса
- Организација и реализација на патувањето

Во цената не е вклучено:
- Факултативен излет до манастирите Св. Давид Евиски и Св. Јован Руски – 10 евра
- Пијалаци за време на организираната осмомартовска забава
- Задолжително патничко осигурување

НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
–  Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата. 
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот пријавени. 
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата. 
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на Травеликс.