Фиренца и Сиена - Авион (3 ноќи) 499€

Информации

ФИРЕНЦА, СИЕНА, ПИЗА и БОЛОЊА

Авион/ 12 Октомври/ 4 дена

Хотел Delle Nazioni 3* во центарот на Фиренца   

https://www.hoteldellenazioniflorence.com/

Галерија

Ценовник и Услови

12. октомври (Четврток) СКОПЈЕ – БОЛОЊА – ПИЗА - ФИРЕНЦА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 11:45 часот. Полетување за Болоња во 13:15 и пристигнување
во 15:00 часот. Посета на Пиза и прошетка по еден од највеличествените плоштади во Италија со Катедралата,
Крстилницата и познатиот симбол – Кривата кула. Трансфер до Фиренца, лулката на ренесансата, градот на
“Давид“ на Микеланџело, на “Раѓањето на Венера” на Ботичели, градот во кој Данте го започнал создавањето
на италијанскиот литературен јазик. Сместување во хотелот. Ноќевање.


13. Октомври (Петок) ФИРЕНЦА
Појадок. Препорачуваме разглед на Фиренца, Катедралата Дуомо со автентичната купола – чудо на
ренесансната архитектура, Палатата Векио – Градското Собрание, Плоштадот Сињорија – познат по репликата
на Микелаџеловиот Давид и Галеријата Уфици, Понте Векио – стариот Мост од 14 век, Палатата Пити...
Слободно време за вкусување на некој италијански специјалитет. Можност да се почувствува атмосферата на
елитните кафулиња со “вистинскo” италијанско кафе. Ноќевање.


14. Октомври (Сабота) ФИРЕНЦА – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Сиена, еден од најубавите средновековни градови, вечниот
“ривал” на Фиренца. Сиена е позната по готската архитектура со карактеристична црвена боја. Разглед на
градот, опколен со ѕидини од 16 век, Плоштадот Ил Кампо во форма на школка, еден од најубавите плоштади
во Европа каде доминира Градската Палата со високата кула, Катедралата со богата мозаична декорација...
Превоз низ преубавите предели, налик на позадина на ренесансните слики, со попатна посета на Сан
Џимињано, најсимпатичниот мал град во Тоскана. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.


15. октомври (Недела) ФИРЕНЦА - БОЛОЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со
црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети. Пешачка прошетка по
Плоштадот Маџоре, опкружен со најпознатите знаменитости и најубавата градска фонтана, Фонтаната на
Нептун. Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 21:10 часот и пристигнување во Скопје во 22:55
часот.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: Хотел Delle Nazioni 3* 499 евра (30.950 денари)


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје со вклучени аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40x30x20cm до 10kg)
- Организиран трансфер со автобус од Аеродромот до Хотелот со попатна посета на Пиза и од Хотелот до Аеродромот
- Сместување во избраниот хотел во центарот на Фиренца на база 3 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи на Пиза и Болоња
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Рачен багаж (уште 1 торба/куфер со димензии 55х40х23cm до 10kg) 2.900 денари
- Багаж за чекирање 1 куфер до 20kg 3.800 денари
- Организирана пешачка прошетка на Фиренца 10 евра
- Посета на Сиена и Сан Џимињано 65 евра
- Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување


НАПОМЕНИ: За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 15 патници
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето