Милано-Лугано-Комо-Верона

Информации

1 ден 07.10.202 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 10:30 часот и поаѓање за Милано во 11:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 08.10.2022 МИЛАНО

Во предпладневните часови пристигање во outlet Franciacorta Village (www.franciacortavillage.it) . Слободно време за шопинг. Во договорено време заминување кон Милано. Пристигнување во Милано во попладневнит часови сместување во хотел.Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

3 ден 09.10.2022 МИЛАНО

Појадок. После појадокот следи организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе...  Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел... Слободнo време за индивидуални активности.Ноќевање.

4 ден 10.10.2022 ЛУГАНО - КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со локален превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 11.10.2022 МИЛАНО - СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот : куќата на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје.Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 12.10.2022 СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

Галерија

Ценовник и Услови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за уплата до 10.09. 2022: 219€/ 13.580 ден.

Редовна цена на аранжманот 239€/ 14.800ден.

*Уплата се врши исклучиво во денарска противвредонст 1евро=62 ден

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* - 3 НП (ноќевање со појадок) во Милано
  • Организација, реализација и придружник на патувањет

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Организиран разглед на Милано со локален водич 15€
  • Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич 15€
  • Факултативен излет на Лугано и Комо - 45€
  • Крстарење по езерото Комо 15€ ( 30 мин.)
  • Туристичка такса за ноќевање во Милано (мин.5€ по ноќ, се плаќа кај пратителот)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5€

 

   Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

 

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници. Организаторот согласно општите услови за патување го задржува правото да го откаже патувањето најдоцна 5 дена пред поаѓање

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Травеликс