Ниш за 8-ми Март

Информации

Најголемиот и централен град во јужна Србија е дестинација која има посебни карактеристики што го прават уникатен и многу популарен кај туристите. Ниш може да се пофали со квалитетни содржини, културно-историски споменици и карактеристични специјалитети, кои од година во година привлекуваат голем број посетители.

Галерија

Ценовник и Услови

Промо цена 99 евра

ПРВ ДЕН (08.03.2024) Петок
Турата стартува од паркингот кај Дрво Декор   12:00 часот од Скопје. Возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните два дена.  Планирано пристигнување околу 16:00 часот и сместување во хотелот. Во договорено време со водичот се упатуваме кон ресторанот на 8мо мартовска прослава. Враќање во хотел и ноќевање.

 

ВТОР ДЕН (09.03.2024) Сабота
Појадок. По појадокот во договорено време со водичот се упатуваме кон шопинг центар. Сободно време околу 3 до 4 часа за шопинг. По шопинг турата се враќаме во хотел и имате слободно време за одмарање и индивидуални активности.Во договорено време со водичот се упатуваме кон Dom Vojske каде што ќе се одржи концертот на нашата најпопуларна пејачка Калиопи.

 

 

ТРЕТ ДЕН (10.03.2024) Недела

Појадок. Напуштање на собите во 09:00 часот и упатување кон тврдината на разглед со локален водич. Тврдината Ниш се наоѓа во самото срце на градот, на десниот брег на реката Нишава. Во периодот од 1719 до 1723 година, Османлиите ја изградиле тврдината Ниш на остатоците од античките, византиските и средновековните утврдувања, давајќи и ја формата што ја има денес. Тргнување  назад кон Македонија околу 14:00 часот.

 

Што е вклучено во цената

- Две ноќевања во хотел со 3* со појадок

- Автобуски превоз

- Лиценциран туристички водич

- Посета на Тврдината

- Шопинг во „Делта“ Центар

 

Што не е вклучено во цената

- Патничко осигурување

- Прослава по повод денот на жената – 2000 денари

- Карта за концерт на Калиопи – 750 денари

- Индивидуални трошоци

- Туристичка такса

 

Важно

  • Задолжителна проверка на пасошот или лична карта.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
  • За сингл соба се доплаќа 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
    Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
    Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.