Париз - градот на светлата, градот на кулинарската уметност, градот на архитектските достигнувања, градот на љубовта, градот на долгите прошетки и градот на желбите.Париз има милион начини за да го предизвика нашиот интерес, да ја спречи здодевноста и да се вгнезди во сеќавањето на неговите посетители.(АТС)
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 469 €
за уплати до 15.01.2024
ограничен број на места !
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 04:40 часот. Полетување кон Париз во 06:40 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 09:45 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за одмор а во попладневните часови пешачки разглед на Париз со локален водич (со доплата).По завршување на разгледот следуваат индивидуални прошетки и враќање во хотел.Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот можност за факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр,кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза.По завршување на посетата на Лувр следува индивидуално шетање по прекрасните Париски улици и градби (пешки или со метро) заедно со пратителот на групата...Нотр Дам, бизнис центарот Дефанс, Монмартр, црквата Sacre Couer, улицата Пигал и познатиот Mouline Rouge.Шетаме, се одмараме, се враќаме назад во хотел.Ноќевање.
Појадок во хотел. По појадокот предлагаме факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km ), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век. (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почуствувате магијата на Париз од различна преспектива. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел со метро. Ноќевање
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродромот Буве (Beauvais). Полетување кон Скопје во 10:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 01:10 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
ФАКУЛТАТИВИ
Задолжително пријавување за факултативите во агенција и за реализација 14 патника.
Општи напомени: