Рим | 4 дена | Авион | 499 евра

Информации

Вечниот град -  РИМ


Авион / 4 дена / 3 ноќевања            


Сите патишта водат кон Рим, е позната изрека, но и добар предлог за ваша следна Европска метропола... Историјата на Рим е богата и бурна, почнувајќи од приказната за за Ромул и Рем и како e создаден овој град на 7 ридови, градот има повеќе од 900 цркви... Пантеон бил најголемиот црковен храм сè до средината на 15, а главно седиште на папата била црквата Свети Јован Латеран... Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја... Ватикан, со базиликата на Свети Петар и музеите во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело... Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа,... Шпанските скали...       

Галерија

Ценовник и Услови

Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 19:15 часот. Полетување за Рим во 20:50 и слетување во 22:35 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

Појадок. Прошетка низ центарот на Рим и уживање во убавините на градот: Плоштадот Венеција со прекрасниот Плоштад Кампидољо, Црквата Св. Петар во ланци со статуата Мојсие – познатото дело на Микеланџело, Колосеумот, Римскиот Форум, Пантеон… Слободно време за уживање, да се почувствува атмосферата на кафулињата со “вистинско” италијанско кафе. Прошетката продолжува до Фонтаната Ди Треви со легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Прошетка до Шпанските скали познати како “дневна соба на градот” со посета на Плоштадот на Народот. Слободно време за шопинг по познатата улица Виа Дел Корсо. Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхитувачките колекции на слики, скулптури, стари мапи и таписерии, незаобиколната Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело со уникатни ремек дела и најголемата Црква на светот Св. Петар… Попладневна прошетка преку мостовите на Тибар покрај Палатата на Правдата и Тврдината Сан Ангело, до Плоштадот на уметниците со прекрасните фонтани – Плоштадот Навона. Препорачуваме вечера во боемскиот кварт Трастевере во национален ресторан – траториа, со мени од италијанската кујна. Ноќевање.

Појадок. Факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте. Ренесансната палата е единствена по своите илјада фонтани, а најубавите од нив имитираат звуци на птици и музички инструменти. Трансфер до Аеродромот во Рим. Полетување за Скопје во 22:50 и слетување во 00:35 часот.

  • Авионски превоз на релација Скопје-Рим-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
  • Трансфери во Рим од Аеродромот до Хотелот и обратно
  • Сместување во Хотел Best Western Astrid 3* во Рим https://www.hotelastrid.com/en/ на база 3 ноќевања со појадок
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Доплата за уште 1 торба/куфер за рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 2.500 денари
  • Доплата за куфер за чекирање со максимум 20kg 3.500 денари
  • Туристичка такса (се плаќа во хотелот на рецепција)
  • Факултативни излети: Посета на Ватикан со вклучена влезница 60 евра, Тиволи 60 евра
  • Организирана пешачка прошетка низ центарот на Рим 15 евра
  • Факултативна вечера во ресторан
  • Влезници во музеите и културно историските споменици
  • Kарти за локален превоз (метро)
  • Патничко – здравствено осигурување
  • За овој аранжман важат Опшите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето