Санторини 3НП- 23ти Октомври (Автобус) €239

Информации

Санторини се наоѓа на секоја топ листа кога се работи за најубави острови, најдобри хотели, нај романтични дестинации и е едно место кое не разочарува затоа што се е навистина како на сликите. Белите куќички во контраст со синото небо и бојата на морето и црните вулкански ѕидови над кои се издигнуваат населбите се нешто што го воодушевува секој патник.

Галерија

Ценовник и Услови

Термин : 19 - 24 Октомври 2023

 

1 ДЕН СКОПЈЕ - ПИРЕА

 Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку

 гр. премин Богородица со попатни паузи.

 

2 ДЕН ПИРЕА - САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување. Препорачуваме посета на највисокото населено место на островот, магичното селце Пиргос...прошетка низ тесните калдрмести улички.... ќе се искачиме до црквата Света Марија и старата Венецијанска тврдина( една од петте на островот). Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

3 ДЕН САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио... Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани со преубав поглед од Калдерата... во Фира слободно време за  индивидуална прошетка и фотографирање, шопинг и индивидуален ручек во некоја од локалните таверни... 

Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање

 

4 ДЕН САНТОРИНИ

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер (влезница за вулканот се плаќа на лице место индивидуално). Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Kрстарењето продолжува кон Тирасија, каде ќе имаме слободно време за ручек, време за капење или индивидуална  посета на селото Манолас на островот Тирасија. Во договор со групата и нашиот брод се упатуваме на низводна пловидба со поглед на OIA и  Фира се до новото пристаниште ... пловидбата е долж сртот на Санторини.  Враќање во хотел. 

Предлагаме  факултативна посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Ноќевање.

 

5 ДЕН САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

 Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

6 ДЕН СКОПЈЕ  

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до  16.09. 2023: 239/ 14.820 денари 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 269/ 16.680 денари 

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

- превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје

- трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа 

- трансфер пристаниште – хотел - пристаниште

- 3 ноќевања со појадок  во Hotel IliadaOdysseas 3*,  во Периса 

-организација и придружник на патувањето

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

- Oia (Иа), залез на сонце - 15€

- Full day Santorini – 40€ (превоз + водич)

- Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич)

- 40€

- Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј

( превоз+влезница за винарија+водич) – 20€

-  Посета на Пиргос 10€

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: 110 Еур по лице 

 

- еднокреветна соба 4.200 денари

- задолжително патничко осигурување 210 денари

- Туристичка такса ( 3 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Доплата за избор на седиште 10 € по лице ( резервација исклучиво при уплата)
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ТРАВЕЛИКС
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.