Vila Alberti - Шенѓин

Информации

Шенѓин е нова омилена дестинација за туристите од Македонија која е на Јадранското море. Станува збор за туристичко место одалечено 310 километри од Скопје, со широка песочна плажа долга 5 километри и за да ја прошетате цела ви е потребно околу час и половина, шеталиште долго повеќе од 2 километри, богато со игралишта за деца, сувенирници, ресторани. Цените на лежалките не се високи, почнувајќи од 5 евра за двајца (во зависност од месецот). Шенѓин е совршено место за фамилијарен одмор. (SFF)


Вила Алберти се наоѓа во строг центар на сама плажа во Шенѓин каде е и главното шеталиште. До вилата има пекара, маркети, менувачница, аптеки и кафулиња.

Вилата располага со четирикреветни студија и шестокреветни апартмани. Истите се опремени со тоалет, балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна, решо со една рингла за приготвување на лесна хранаТВ и клима уред (вклучена во цена). Исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите.  Објектот е обезбеден со камери, паркинг (ограничен број на места) и Wi-Fi.

1/4стд- Брачен кревет + кревети на спрат
1/6апп- Во спалната соба брачен кревет, во кујната брачен и 2 кревета на спрат 

Ценовник и Услови

20% ПОПУСТ ЗА 50% УПЛАТА ДО 08.03.2024
ПОПУСТОТ НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМОТИВНИТЕ ЦЕНИ

Термин
Студио 1/4
Апартман 1/6
26.05-02.06.2024
99€ промо
119€ промо
02.06-09.06.2024
169€ 134€
199€ 159€
09.06-16.06.2024
258€ 206€
288€ 229€
16.06-23.06.2024
298€ 239€
328€ 259€
23.06-30.06.2024
318€ 255€
348€ 278€
30.06-07.07.2024
368€ 295€
398€ 318€
07.07-14.07.2024
418€ 335€
448€ 358€
14.07-21.07.2024
418€ 335€
458€ 367€
21.07-28.07.2024
418€ 335€
458€ 367€
28.07-04.08.2024
438€ 349€
478€ 379€
04.08-11.08.2024
438€ 349€
478€ 379€
11.08-18.08.2024
438€ 349€
478€ 379€
18.08-25.08.2024
408€ 325€
448€ 358€
25.08-01.09.2024
368€ 295€
398€ 318€
01.09-08.09.2024
258€ 205€
288€ 229€
08.09-15.09.2024
228€ 179€
238€ 206€
15.09-22.09.2024
198€ 158€
228€ 182€
22.09-29.09.2024
109€ промо
129€ промо

Цена за автобуски превоз (повратен билет):

Возрасен - 50 €

Деца од 3 до 12 години - 40 €

Деца до 3 години бесплатно (не користи седиште)

Туристичка такса 1.5 € од ноќ од студио/апартман- се плаќа при уплата на аранжман - задолжително


Напомени:

*Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот

*Цените се дадени за наем на апартман за 7 ноќевања

*Доплата за туристичка такса 1.5 € на ден по апартман (се плаќа во агенција)

*Цените се изразени во евра, а уплата се врши исклучиво во денарска противвредност (1еур=62мкд)

*Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

*За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Попустите не се комбинираат

*Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена

*Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената

*Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

*По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
*Постелнина и пешкири има на првиот ден на престојот и истите не се заменуваат од страна на сопствениците.

*Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.