Вила Александрос-Крф

Информации

За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.(esc )

Ценовник и Услови

Термини

Редовна цена

Black Friday

25.05-01.06

109e

89e

01.06-08.06

121е

99е

08.06-15.06

143е

109е

15.06-22.06

165е

116е

22.06-29.06

179е

126е

29.06-06.07

193

135е

06.07-13.07

231е

175е

13.07-20.07

231е

175е

20.07-27.07

231e

175e

27.07-03.08

231e

175e

03.08-10.08

231e

175e

10.08-17.08

231e

175e

17.08-24.08

231e

175e

24.08-31.08

182

145e

31.08-07.09

168e

129e

07.09-14.09

149е

115е

14.09-21.09

118е

99е

21.09-28.09

109е

89е

 

ПЛАН И ПРОГРАМА

ПРВ ДЕН – ПОАЃАЊЕ

Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот, односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос. Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.

ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН (ПРЕСТОЈ)

По пристигнувањето и сместувањето, нашиот локален водич ќе одржи инфо состанок, на кој што ќе ги добиете сите потребни информации во врска со Вашиот престој на островот, за самото летувалиште Ипсос, и секако програмата со факултативни излети кои ќе можете да ги одберете во овие 7 дена.

ОСМИ ДЕН (ВРАЌАЊЕ)

Одјавување од собите до 09:00 часот локално време, и слободно време за прошетка и користење на плажа до договореното поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

 

Сместување

Вила АЛЕКСАНДРОС

Вила Александрос се наоѓа на островот Крф, во излетничкото место Ипсос. Сместена на 400 метри од плажата каде што се наоѓа AБ МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос. Вилата располага со 2, 3, и 4 креветни студиа. Сите соби се опремени со мини кујна, фрижидер, тоалет и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор. Сите студиа се распоредени на ниско приземје и прв кат, Дрвена двокреветна куќичка која што е во истиот двор, Анекс со 2 и 3 кревета и еден четирикреветен мезонет.

Во објектот нема лифт.

Факултативни излети

Посета на плажата Глифада и фабриката Василакис

Цена за пакет: 20 евра по лице

Палеокастрица

Цена за пакет: наскоро...

Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.

 

Што е вклучено во цената

– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена во вила Александрос
– Туристички придружник за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

– Факултативни илзети
– Патничко осигурување
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратна карта за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
– Најдоле од понудата каде што пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.
– Климата се доплаќа 35 евра од соба за целиот престој на лице место во вилата.

Важно

-Цените се изразени како (промо цени) се исклучиво со целосна уплата и важат до одредена дата.

-Доколку уплатите по Black Friday цена, за споен термин или превоз не се одбива ништо на вториот термин.

-Во случај за уплата на сингл соба по Black Friday цена, се сметат две цели суми од Black Friday цената

-Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат

-За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на Black Friday цените

 -При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00

-Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.

-Двокреветни, трокреветни студиа и дуплекс апартман.

-Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

-Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори

-Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.

-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first/last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

-Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,

-За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,

-Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата

 -Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.

-За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)

-За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А ТРАВЕЛИКС