Vila Alex - Ксамил

Информации

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.
Вила Алекс се наоѓа на само 50 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на Ксамил. Располага со трокреветни соби на приземје и на прв кат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима, WI-FI. (OBT)

Ценовник и Услови

5% попуст за резервација до 30.04.2024

СО УПЛАТА ОД МИНИМУМ 30% ОД ВКУПНАТА СУМА И ДОПЛАТА ДО 15 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ!

ВИЛА АЛЕКС

Термин

Ноќевања

1/3 студио

1/3+1 студио

1/3+1 приземје

01.06 - 08.06

7

179

189

189

08.06 - 15.06

7

209

219

219

15.06 - 22.06

7

239

259

259

22.06 - 29.06

7

269

279

279

29.06 - 06.07

7

339

349

349

06.07 - 13.07

7

379

389

389

13.07 - 20.07

7

399

409

409

20.07 - 27.07

7

399

409

409

27.07 - 03.08

7

399

409

409

03.08 - 10.08

7

399

409

409

10.08 - 17.08

7

399

409

409

17.08 - 24.08

7

379

399

399

24.08 - 31.08

7

349

359

359

31.08 - 07.09

7

239

259

259

07.09 - 14.09

7

219

239

239

14.09 - 21.09

7

159

169

169

21.09 - 28.09

7

139

149

149

Напомени:

  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Попусти:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

Опис на сместувањето:

  • 1/3 – Студио на прв спрат со поглед кон градот
    • Студиото има голем брачен кревет + едиченен кревет, балкон, поглед кон градот, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/3+1 – Студио на приземје
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + двосед кој не се пушта, балкон, поглед на градината, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни  + 1 дете до 11,99  + 1 дете до 5,99 години.

  • 1/3 + 1 – Студио на прв спрат со поглед на море
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, поглед на на море, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 години + 1 дете до 4,99 години.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

ПРЕВОЗ:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:

  • Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 60€по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€по лице
  • Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) – 60€по лице
  • Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) Трансфер до Битола - 60€ по лице
  • Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:

  • Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) – 55€ по лице
  • Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) – Трансфер до Битола – 55€
  • Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 65€по лице
  • Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола - 65€по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола - 65€по лице
  • Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:

Сатници на поаѓање: 

  • 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
  • 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) 
  • 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) 
  • 02:00 h Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола
  • 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) 
  • 01:15 h Струга (Хотел Дрим) - Трансфер до Битола