Vila Dionysоs - Дионисиос

Информации

Куќа „Дионисиос апартментс“ е лоцирана на 40-50 метри од морето и песочната плажа, во мирен дел на Дионисиос. Студијата и апартманите кои се наоѓаат на вториот и на третиот кат од куќата се целосно реновирани пред летото 2018 и лето 2019 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата, странично и директно кон морето.
Во собите има пешкири.

Ценовник и Услови

За целосни уплати заклучно со сабота, 25 ноември 17% попуст!

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
19/5-26/6 7 109 55
26/6-2/6 7 139 55
2/6-9/6 7 159 55
9/6-16/6 7 179 55
16/6-23/6 7 199 55
23/6-30/6 7 219 55

*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица во четирикреветниот апартман

Сезонски цена (објавени за наем студио/ апартман за 7 ноќевања)

 

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1/2 СТУДИО 1/2+1 СТУДИО 1/3+1 АПАРТ.
30/6-7/7 7 350 455 525
7/7-14/7 7 385 490 560
14/7-21/7 7 420 525 630
21/7-28/7 7 455 560 665
28/7-4/7 7 455 560 665
4/7-11/8 7 455 560 665
11/8-18/8 7 455 560 665
18/8-25/8 7 455 560 665
25/8-1/9 7 420 525 630

 

Вонсезоски цени (објаени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз)

 

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА 1 И 2 ЛИЦЕ 3 И 4 ЛИЦЕ
1/9-8/9 7 219 55
8/9-15/9 7 199 55
15/9-22/9 7 159 55
22/9-29/9 7 109 55

*Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица во четирикреветниот апартман

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена Травеликс ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • Травеликс не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.