Вила Елена-Крф 2024

Информации

За оние коишто за првпат ќе се одлучат да летуваат на ова дестинација, треба да знаат дека Ипсос се наоѓа северно од Дасија, на околу 15 километри од градот Крф. Омилено место за младите во јули и август, а најпосетено од повозрасните во јуни и септември. Добриот ноќен живот и забава, многубројните кафулиња, таверни и продавници, го прават ова место идеално за летување за сите генерации. Долгата плажа која брои околу 1600 метри од ситни каменчиња надвор и чист песок во солената јонска чиста вода придонесува за тотално уживање. Овој дел од островот нуди убав поглед кон копното на Грција, брегот на Албанија и околните ридчиња со маслинови дрвја и највисокиот врв на Крф- Пантократор. Причината поради која Ипсос го посетуваат голем број на туристи е евтината цена на угостителските услуги, како и производите коишто може да се купат во АБ супермаркетот или околните продавници.(esc )

Ценовник и Услови

Вила Елена

Вила Елена се наоѓа на островот Крф на 350м оддалеченост од плажа.Вилата располага со студиа за 2 лица студиа и еден апартман за 4 лица.Студиата се на прв и втор спрат.Опремени се со мини кујна, фрижидерче, тоалет,клима уред (се доплаќа 5е од ден) Во објектот нема лифт.

Термини

Редовна цена

Промо цена

25.05-01.06.2024

                         109e

                        89e

01.06-08.06.2024

                         121е

                        99е

08.06-15.06.2024

                         143е

                        109е

15.06-22.06.2024

                         165е

                        116е

22.06-29.06.2024

                         179е

                        126е

29.06-06.07.2024

                         193е

                        135е

06.07-13.07.2024

                         231е

                        175е

13.07-20.07.2024

                         231е

                        175е

20.07-27.07.2024

                         231e

                        175e

27.07-03.08.2024

                         231e

                        175e

03.08-10.08.2024

                         231e

                        175e

10.08-17.08.2024

                         231e

                        175e

17.08-24.08.2024

                         231e

                        175e

24.08-31.08.2024

                         182e

                        145e

31.08-07.09.2024

                         168e

                        129e

07.09-14.09.2024

                         149е

                         115е

14.09-21.09.2024

                         110е

                         99е

21.09-28.09.2024

                         109е

                         89е

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
– 7 ноќевања 8 дена во вила Александрос
– Туристички пратите за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Што не е вклучено во цената
– Факултативни излети
– Патничко осигурување
-Клима
– Туристичка такса (3.5 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
– Повратен билет за траект – 20 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

Факултативни излети

 Посета на плажата Глифада и фабриката Василакис - Цена за пакет: 20 евра по лице

Палеокастрица - Цена за пакет: наскоро...

Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.


Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона

Важно

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона

 

  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на black friday цените
  •  При резервација задожително контактирајте на 070/404-515 или 076/776-332 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 3,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 4 до 11,99 години кое користи сопствен лежај има 50% попуст од редовната цена(се однесува само на еден кревет во студиото) само во случај на двајца возрасни и дете од 4 до 11.99. Во случај на возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
  • Дете од 4 до 11,99 години кое го дели креветот со возрасен го плаќа само превозот 55 евра
  • Две деца од 2 до 12 години кои делат кревет имаат попуст од 50%
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А ТРАВЕЛИКС