Vila Hristos - Сивири

Информации

Вила HRISTOS се наоѓа во центарот на Сивири, на
најатрактивна локација, непосредно пред плажата. Располага
со двокреветни соби и четворокреветни апартмани,
ориентирани кон југозапад, и од терасите ќе уживате во
прекрасното зајдисонце. Сите студија и апартмани се
опремени со кујна која е опремена со основен прибор за
јадење и готвење, купатило, ТВ и клима чие користење е
бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на
престојот. Вилата има WI-FI за чија конекција агенцијата не
може да одговара.

Галерија

Ценовник и Услови

Попусти за рана уплата:

  • Попустот за рана уплата од 10% важи до 31.12.2023;
  • За резервација е потребен 50% аванс, остатокот од сумата треба да биде доплатен најдоцна до 01.03.2023;

НАПОМЕНА:
- Цените се дадени по соба за 7 ноќевања;
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со 
бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се 
наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на 
сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата 
или локалниот партнер на истата го задржуваат правото 
да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот 
или за истите да побараат соодветен финансиски 
надомест. Единствено, над бројот на кревети е 
дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не 
користи легло);
- Сместувањето во студијата е во 14:00 (по локално време);
- Напуштање на студијата е во 09:00 (по локално време);
- За хигиената во студијата во текот на целиот престој се грижат гостите;
- За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка;
- Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 5% попуст;
- Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 10 дена пред поаѓање;
- Доплата за туристичка такса(се плаќа во објектот;


ПРЕВОЗ:
* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку 
сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на 
седишта е резервиран за персоналот.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:
* 45 € возрасни
* 35 € деца од 2 - 12 години
* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)