Vila Ujvara - Ксамил

Информации

Ксaмил е место со прекрасни егзотични плажи и величенствено тиркизно море на ривиерата на Јужна Албанија. Затоа, ставете го Ксамил во прв план за вашиот следен одмор и нема да зажалите бидејќи ќе уживате во одлична храна, долги сончеви денови, пливање и рибарење ... и покрај големата побарувачка и посетеност сепак сето тоа го добивате за разумна цена, за разлика од другите познати туристички места.
Островите се приказна за себе. Една од плажите е оддалечена нецели 100 метри од најблискиот остров, па до него може да стигнете со пливање. Островот нема плажа, има неколку лежалки на сплав, но задоволството да се исплива до островот е и повеќе од доволно. До пооддалечениот остров секојдневно пловат моторни чамци. Погледот вреди милиони, тивкиот ветер и мирното море кое ви дава спокојство е вистинско место за уживање и релаксација. Зајдисонцето пак, ќе ве остави без здив. Топлите портокалови зраци кои полека го најавуваат крајот на летото ќе ве остават без здив.

Вила Ујвара се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа Bora Bora и на околу 100 метри од центарот на Ксамил. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студиа на спрат, опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената), WI-FI. Вилата поседува и базен кој што можите да го користите и бесплатен паркинг. (OBT)

Ценовник и Услови

ПРОДОЛЖЕН 10% ПОПУСТ за резервација до 31.03.2024
5% попуст за резервација до 30.04.2024
СО УПЛАТА ОД МИНИМУМ 30% ОД ВКУПНАТА СУМА И ДОПЛАТА ДО 15 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ!

ВИЛА UJVARA

Термин

Ноќевања

1/2 студио

1/3 студио

1/4 студио

1/2  соба

1/3 соба

1/4 соба

01.06 - 08.06

7

179

199

219

159

179

199

08.06 - 15.06

7

199

219

239

179

199

219

15.06 - 22.06

7

269

279

299

249

279

299

22.06 - 29.06

7

289

309

329

279

299

319

29.06 - 06.07

7

309

379

399

299

319

339

06.07 - 13.07

7

399

419

439

389

409

429

13.07 - 20.07

7

419

429

449

399

419

439

20.07 - 27.07

7

419

429

449

399

419

439

27.07 - 03.08

7

419

429

449

399

419

439

03.08 - 10.08

7

419

429

449

399

419

439

10.08 - 17.08

7

419

429

449

399

419

439

17.08 - 24.08

7

409

419

439

389

409

429

24.08 - 31.08

7

369

389

409

359

379

399

31.08 - 07.09

7

269

289

309

259

279

299

07.09 - 14.09

7

249

269

289

239

259

279

14.09 - 21.09

7

179

199

219

169

189

209

21.09 - 28.09

7

149

169

189

139

159

179

Напомени:

  • За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
  • Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
  • Климата е вклучена во цената;
  • Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време;
  • За хигиената на собите се грижат гостите;
  • За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Попусти:

  • За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
  • Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!

Плаќање:

  • Плаќањето е во денари по курс 1 евро - 62мкд;
  • Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
  • За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум. 

Опис на сместувањето:

  • 1/2 – Студио  број.203 – втор спрат
    • Студиото има голем брачен кревет, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/2 – Студио  број.204 – втор спрат
    • Студиото има голем брачен кревет, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/3 – Студио – број.202 – втор спрат
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни+ 1 дете до 5,99 години.
  • 1/4 – Студио – број.205 – втор спрат
    • Студиото има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, комплетно опремена кујна со прибор за готвење и јадење, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 4 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/3 – соба – број.201 – втор спрат
    • Собата има голем брачен кревет + единечен кревет , балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/3 – соба – број.101 – прв спрат
    • Собата има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/3 – соба – број 102 – прв спрат
    • Собата има голем брачен кревет + единечен кревет, балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/2 – соба – број 103 – прв спрат
    • Собата има голем брачен кревет, балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/2 – соба – број 104 – прв спрат
    • Собата има голем брачен кревет, балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.
    • Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 5,99 години.
  • 1/4 – соба – број 105 – прв спрат
    • Собата има голем брачен кревет + единечен кревет + дополнителен кревет на пуштање, балкон, фрижидер, клима (вклучена во цената) сопствено купатило, бесплатен интернет во собата и во цела вила.

Агенцијата како оргранизатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата

Превоз:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:

  • Скопје (Дрводекор) -Трансфер до Битола 60€по лице
  • Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес – 65€по лице
  • Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) – 60€по лице
  • Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) Трансфер до Битола - 60€по лице
  • Деца од 2-11,99год: -10еурод цената на возрасен

 

Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:

  • 00:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • 00:45 h Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
  • 00:00 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • 01:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • 02:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) 
  • 03:00 h Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) 
  • 02:00 h Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола
  • 01:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) 
  • 01:15 h Струга (Хотел Дрим) - Трансфер до Битола