За Нас

За нас

TravelX Macedonia (Травеликс ДОО Скопје) е основана во 2019 година во Скопје, како резултат на долгогодишното искуство во секторот на туризмот на нејзините основачи и тимот. Ние сме динамична и посветена туристичка агенција која успешно комбинира млада енергија со мудроста на искусните професионалци.

Нашата мисија

Мисијата на TravelX е да создадеме совршено балансирани аранжмани за секој клиент, независно дали се работи за краток одмор, деловно патување или тим-билдинг активност. Со тим од ентузијасти и експерти, секоја замисла за идеален одмор може да стане реалност. Ние се стремиме да обезбедиме врвна услуга која го прави патувањето лесно, удобно и безгрижно.

Нашите цели

Целта на TravelX е да бидеме вашиот прв избор кога станува збор за патувања во земјата или странство. Нудиме авионски билети за целиот свет, хотелски резервации, персонализирани тим-билдинг програми, детски екскурзии и превоз. Ние сакаме да ви го олесниме процесот на планирање и да ви обезбедиме искуство кое ќе го паметите засекогаш. TravelX е тука за вас, секогаш подготвен да го реализира вашето следно патување!

ЧПП

Често Поставувани Прашања

Доколку не можете да ја пронајдете посакуваната дестинација преку стандардното пребарување на почетната страна тоа значи дека во моментот нема достапни понуди за таа локација.
Многу едноставно! Кликнете на посакуваната понуда од листата и откако ќе се осигурате дека внимателно сте го прочитале инфото и описот на понудата и сте ги разгледале фотографиите од сместувањето, кликнете на копчето „резервирај“.