Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.
Програма на патување:
06.12.2024 (Петок)-Скопје-Атина
Состанок на групата во 20.00 часот пред хотел Русија. Поаѓање за Атина во 20.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.
07.12.2024 (Сабота)-Атина
Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место.
Сместување во хотел. Слободно попладне.
Ноќевање.
08.12.2024 (Недела)-Атина-Пелопонез
Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич.
Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.
Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.
Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi).
Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…
Вечерта слободно време за индивидуални активности.
Ноќевање.
09.12.2024 (Понеделник) -Атина-Сунион-Скопје
После појадокот напуштање на собите и се упатуваме на излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.
По завршување на екскурзијата, патот го продолжуваме кон Македонија
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 10.12. - Вторник.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 159 евра /9.858мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Напомена: