БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА 2025 - АВТОБУС

Информации

БЕЛГРАД НОВА ГОДИНА  2025
30.12.2024- 01.01.2025 
 сместување во Hotel Abba 4*      
 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 165 ЕВРА 

(Ca)

Галерија

Ценовник и Услови

1 ден 30.12.2024 (Понеделник ) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
    Состанок на групата во 02:00 часот Дрво Декор. Куманово 02:45 часот, (бензиска Макпетрол-автопат). Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград околу 09 часот. Следи организиран разлгед со локален водич, со посета на: Црква „Св. Сава“(влезница не е вклучена), Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, панорамски разглед на стадионот на ФК Црвена Звезда, атрактивниот дел на градот - Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпознатата белградска улица - Кнез Михајлова.Во договорено време со групата враќање во хотел. Слободно време за одмор.Ноќевање.
2ден 31.12.2024 (Вторник ) БЕЛГРАД - НОВИ САД - БЕЛГРАД
      Појадок. По појадокот, организиран факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: Улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина.. Враќање во попладневните часови во хотел. Вечерта, организиран трансфер од хотел до центар на Белград и повратно, за дочек на Нова 2025 Година, по Ваша желба може да прославите на плоштад или посетите некој од бројните ресторани низ скадарлија како и познатите дискотеки.Доколку постои

      можност заминување на Београд на води. Индивидуално.Организирано враќање со автобус од центарот во 1часот по полноќ. Ноќевање.
3ден / 01.01.2025 (Среда ) БЕЛГРАД-СКОПЈЕ
        Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Се упатуваме кон трговскиот центар Ушче.(доколку работи) Слободно време за кафе, шопинг, прошетка.. во договореното време, поаѓање кон Скопје. Во 15часот заминување за Македонија.Пристигнување во вечерните часови.

Цената покрива:

Превоз на наведената релација со туристички автобус
2 ноќевања со појадок во Hotel Abba 4*
Посета на шопинг центар Ушче доколку работи
Организација и водство на патувањето
Разглед на Белград со локален водич
 

Цената Не покрива?

  • Опционална посета на Нови Сад – 25€
  • Туристичка такса - 200мкд по лице за цел престој (се плаќа во агенција при резервација / задолжитено);
  • Здравствено патничко осигурување 5€
  • Влезница во Св. Сава како и други историски знаменитости.
  • Еднокреветна соба 50€

ВАЖНИ   И Н Ф О Р М А Ц И И

*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

 Начин на плаќање е во денерска противвредност 62..

*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица (автобус)

*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување.

Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени.

*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и

место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 3 месеци по враќање од патувањето или со лична карта)

 уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

*Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.

*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е  износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник;

или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор

*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена такса, копнен сообраќај, додатен багаж).

Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети,

во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција.

Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.

*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.

*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж доколку носат скии треба да ги пријават.

Се информираат патниците доколку носат ски опрема да пријават во агенција поради типот на автобусот кои ке ги вози.

*Поради густиот сообраќај или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото,

доколку има снег на патот локалниот партнер во интерес на патниците може да си најми друг автобус

или комбиња само поради непристапност на патот во зимските услови.

*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.

 *Сместување на патниците е во 14ч,услуги пансионски се по протоколи на самиот хотел

*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради

(непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување,

непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.)

*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини

во програмата застој во сообраќај, локални штрајкови, снег на пат, локали предупредувања,

каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата. 

 * Важат општите услови на ТА Tравеликс Доо Туроператор со Лиценца-А членка на СКТМ